Се сакавме осум години и најпосле решивме да се венчаме. Ама има еден проблем. Верник сум со комплет литургиски живот неколку години. А тој е католик.

Мојата мајка која е исто така православен верник прави проблеми, исто така и неговиот татко. Односите заради тие работи во последно време ни се пореметија и заладија, а беме пред закажување свадба.

Го молам свештеникот да објасни што во ваква ситуација. Дали црквата дозволува венчавање во нашата црква.

И второ прашање: Која е разликата меѓу црковен брак и само административен?

Фала ви, треба брзо да одлучувам.

 

ОДГОВОР од отец Горан:

Најправославно е дека се сакате и требало до сега да се земете. Ако некој (партнерот) нѐ прифаќа со нашиот литургиски живот во Црквата, нели е тоа почеток и на неговото спасение, со што и децата понатаму ќе го добијат тоа литургиско и православно воспитание, како што низ многу поуки забележал и св. Апостол Павле.

И ќе се благослови бракот секако со знаење и благослов на надлежниот епископ, со или без негово миропомазание.

Разликата во административен и црковен брак, е што првото е здружување за заеднички живот, второто е света тајна на две личности во едно тело, како Христос и Црквата.

Претходна статијаСтарец Порфириј и неговата прозорливост !
Следна статијаИ сега, Го познаваме лично!