Прашање:
Добар ден!
Се извинувам доколку сметам…Не можам да кажам дека дека сум праведен пред Бога , бидејќи грешките мои се направени, останаа. Бидејќи мојата душа не може веке да трпи такви неправедни работи кон него, се мачам. Многу погрешив, се кајам, но барам спас.
Како да се ослободам од лошата помисла, а немам лоша душа. Тоа ми е товар кој многу ме измачува. Сакам да се ослободам од лошите помисли.
Ве молам , посоветувајте ме.
Одговор – отец Горан
Прво, исповедајте се, поставете нов почеток, оставете ги на исповедта работите за кои се каете, и за кои ќе продолжите да се каете, но сега без очај туку со надеж дека сме си простиле себе, на другите за да се измириме и на тој начин.
А, потоа свесни за својата грешност да продолжиме преумени, трудејќи се да не ги повторуваме истите работи за кои сме се исповедале, на тој пат придружени од молитвеното правило, постот, литургиското учество во богослужбите на Црквата и причестувањето ќе бидат средства за стекнување на благодатта и спасението кое го бараме, а го бараме Христос, за преку Него да ги мериме сите наши понатамошни дела.
Не се поистоветувајте со лошите помисли, не се од вас, не ги прифаќајте, потоа молитва, и појдете на исповед, тоа е првиот чекор.