РАЃАЊЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

…Кога за материјалната Скинија на Стариот завет му е јавено на Мојсеј од Бог, на никој на земјата не му беше дозволено за неа да направи црти и слика; кога за оваа Скинија самиот Бог избра мајстори и ги оспособи да за изградат, тогащи уште повеќе Јоаким и Ана треба да се покорат на упатството на провидение за новата, жива и неракотворна Божја Скинија.

Кога Давид бил огласен за недостоен да подигне Божји храм во Ерусалим, затоа што рацете му биле крвави,

тогаш каква чистота и светост се бара од родителите на живиот Божји храм?

Кога за украсување на Скинијата и храмот се потроши големо богатство и за осветување имаше многу исчистувања, измивања, кадења, жртви и многу обреди;

тогаш какви чувства требаше да имаат Јоаким и Ана, кога го добија ветувањето дека од нив ќе се роди богоизбраната Дева?

Кога тие, и пред тоа живееја чисто и свето, зарем не се возвишија уште повеќе со верност на Бог, кога се удостоија да добијат милост и од нив да се симне срамот?

Нивните, пак, побожни доблести, зарем не им даваа големи благодатни дарови и милост Божја, кок ги подготвуваа за чудната случка?

Кога пророкот Јеремиjа и Jован Претеча се посветија уште во утробата мајчина, уште повеќе е посветено зачнувањето на праведната Ана.

Овде не се подготвувало само просто рагање, туку заедно со тоа се објавувала тајната на премудрата Божја наредба, која е одредена пред вековите, но така се криела што за неа не можеле да дознаат ниту ангелите.

Овде се подготвува неракотворниот Божји ковчег, се подготвува живиот стан на Севишниот.

Овде требаше да се појави единствената и најсвета дева, која е одредена според пророчка изрека, да биде мајка на Божјиот Син.

Најсветата тајна, пее Црквата, е непозната за ангелите, голема за луѓето и е скриена од вековите.

Еве, целомудрата Ана jа носи под срцето божествената Марија, која се подготвува да му биде стан на Царот на сите векови и за обновување на човештвото.

Кога помина одредено време, зборот на ангелот се исполни и света Ана, на 8 септември, роди ќерка.

Радоста на родителите е неопислива – тие се избавија од светскиот прекор.

Овој чуден доказ на Божјата милост, најпрво им ги сврте очите, полни со солзи на благодарност, кон небото – и Јоаким од длабочината на срцето со големо почитување воскликна на семожниот Бог:

Ти, Кој на непокорните луѓе им даде вода од каменот, на покорните им даруваш род од ослабената со моќ утроба, за наша радост.

Ана во голема радост го подигна кон небото своето благодарно срце и многу смирено во својата душа изрече:

Ти, Коj ја затвораш и отвораш бездната, Кој ja дигаш водата во облаците и даваш дожд и роса, Ти Господе, и мене ми даде да добијам најчист род од сув корен.

И светата Црква ја дели радоста на богоотците Јоаким и Ана, па заедно со нив воскликнува за да слушне целиот свет, целата вселена:

„Ова е ден Господов, затоа радувајте се луѓе.

Зашто излезе од утробата палатата на Светлината и книгата на Синот, Кој дава живот и се појави врата на исток и очекуваат на неа да влезе големиот првосвештеник, тоа е единствена врата, преку која ќе влезе единиот Христос во вселената, за спасение на нашите души“.

Преблагословената дева Марија, пак, го наследи високото име, иако тогаш родот Давидов опадна.

Нејиниот род доаѓа од Аврам и Давид, траеше многу векови, ги имаше сите старозаветни патријарси, првосвештеници, старешини, војсководачи и цареви јудејски.

Доблестите и големата важност на прославените предци, го украсуваа името на благодатното дете од самото раѓање.

Но сите овие добра и возвишености што светот многу ги цени, беа помрачени од блесокот на надземната слава, што ја подготви Создателот и jа даде на новородената ева.

„Долго jа очекуваше светот неа, долго се двоумеа небесните и земните Јеховини слуги, која е таа што се гледа како зора?

И гледај, еве се раѓа онаа, која одамна jа сакаа сите поколенија.

Се појавува на темниот небесен свод Деница, претходница на сонцето кое никогаш не заоѓа, се јавува и ја протерува помрачината на темната ноќ, а изладените срца на смртниците ги загрева со зраци на небесна радост.

Се отвора вратата на која ќе влезе Бог, Кој е господар над сите и облечен во тело, ќе дојде во вселената.

Се јавува живата лествица по која Бог ќе се јави на земјата и ќе поживее со луѓето.

Доаѓа на земјата благодатна овчичка, преку која пастирот ќе стане јагненце.

Созрева за човештвото оној сладок грозд, што на оној кој го пие му дава вечна радост.

Се запалува оној свеќник што на човештвото ќе му помогне да го најде Господа.

Се подига лековитата Витезда, во која не дојде ангелот што служи, туку ангел на големиот свет, за да му го поврати здравјето и да го оживее целото страдалничко човештво кое веќе беше дојдено до пропаст.

Се јавува онаа што го зачува животот и го спаси човештвото, таа го измири Бог со човештвото, преку неа осудениот доби милост и отфрлениот стана многу сакан.

Ти не си родена за себе, ти ќе живееш за Бога, со чија благодат и си дојдена на свет, за да послужиш за спасение на целиот свет.

Ти ќе пораснеш како рајско дрво на животот, на изворите на вода на Светиот Дух и ќе дадеш свој род во одредено време“ , вели свети Дамаскин.

Свети Jоаким од чувство на најголема благодарност, поднесе во храмот жртва на Бог, каква што можеше, а на петнаесеттиот ден по раѓањето, според јудескиот обичај, ја нарече новородената ќерка Марија, кое име ѝ го даде ангелот уште тогаш кога им јави на родителите дека ќе ја родат.

Детето го чуваа и негуваа најнежно и најгрижливо и тоа, на радост на родителите, напредуваше.

Преданието вели дека кога Пресвета Дева имаше шест месеци, мајка ѝ іа стави на земја и ја исправи за да проба дали може да стои на своите ножиња, и види, таа појде и направи шест чекори, па се врати кај мајка си во прегратка.

Тогаш мајката jа зеде в раце и рече:

жив е мојот Бог, ти нема да одиш по земјата додека јас не те одведам во храмот Господов.

И подготви посебно место во спалната соба, во која ништо нечисто не можеше да влезе.

Ана одбра многу чесни девојки и ги одреди да бидат на услуга на детето.

Кога наврши Марија една година, Јоаким даде голема гозба и ги повика свештениците, книжевниците, старешините и целиот народ во своето место.

На таа свечена гозба, таткото ја поднесе на свештениците својата ќерка и тие ја благословија и рекоа;

Боже на нашите татковци, благослови го ова дете и дај му славно и вечно име за сите векови. На овој благослов и молитва сите присутни одговараа: амин – нека биде!

Потоа

Таткото ја поднесе ќерката на првосвештениците, кои благословувајќи ја рекоа:

Севишен Боже, погледни на ова дете и благослови го со таков благослов, рамна на неа да нема.

А мајката на детето, Ана, радосно воскликнуваше:

Ќе Му пеам песна на мојот Бог, Кој погледна на мене и ме избави од прекор и ми даде чедо единствено и мило на Него. Кој ќе им јави на Рувимовите синови дека Ана дои дете?

Слушнете, о слушнете, сите дванаесет колена израилеви, дека Ана со свое млеко го дои милото ѝ чедо.

И го однесе детето во неговата соба, а самата излезе, па ги опслужуваше своите гости.

Каква е таа веселба и какво е тоа празнување? Тоа е веселба и празнување на Jоаким и на Ана, кои гласно воскликнуваат:

радувајте се со нас сега, Адаме и Ево, вие со гревот го затворивте рајот, а еве, нашето од Бога дадено чедо, Марија, го отвора рајот за да можат сите да влезат во него.

Кога Марија наврши две години, Јоаким сакаше да jа посвети на служба на Бог, како што беше ветил, но мајката, света Ана, по чувството на нежна мајка, како и од страв детето да не тагува и да не ги бара родителите, го измоли мажот тоа да го остават за до година.

Во тоа време детето почна да се развива со умот и со срцето и родителите почнаа да му кажуваат дека се родило заради нивните молитви, дека jа посветија на Бога пред раѓањето и дека таа, како Божјо дете треба да се раздели од нив и да отиде кај Бог во Неговиот храм, дека таму ке ѝ биде многу добро, ако таа го љуби Бог и ако постапува според Неговиот закон, и Бог ќе ѝ даде на неа многу повеќе, отколку што можат да ѝ дадат таткото и мајката. Така Јоаким и Ана го подготвуваа своето, од Бога дадено, детенце за да го посветат на Бог.

Пренесено од книгата „Животопис на Пресвета Богородица“

 

 

Претходна статијаОТСЕКУВАЊЕТО НА ЧЕСНАТА ГЛАВА НА ЧЕСНИОТ, СЛАВЕН ПРОРОК, ПРЕТЕЧА И КРСТИТЕЛ ЈОВАН
Следна статијаДедо Наум – „А требаше да рече само едно „прости“. Недела 14. по Педесетница