БЕСЕДА ЗА ОТСЕКУВАЊЕТО НА ЧЕСНАТА ГЛАВА НА ЧЕСНИОТ, СЛАВЕН ПРОРОК, ПРЕТЕЧА И КРСТИТЕЛ ЈОВАН Митрополит Казански и Татарстански Теофан
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!
Смртта заради Христа – тоа не е смрт, туку раѓање во нов живот.
Да се вратиме кон историскиот настан, за кој само што слушнавме од евангелското четиво. Ирод – цар Јудејски, познат по неморал, стремеж кон раскош и бездушност – незаконито живеел со жената на својот брат.
Секако, тоа било нарушување на Јудејскиот закон, сите тоа го знаеле, но никој не се осмелувал да го каже тоа.
Само Јован Крстител, човекот, кој го крстил Самиот Син Божји, кого сите евреи го почитувале како голем пророк, смело го подигнал својот глас, изобличувајќи го царот, му зборувал во очи, дека не треба да го нарушува законот и да врши прељуба.
Јасно е, каква била реакцијата на владетелот.
Цар и самодржец, тој е принуден да слуша некого, кој смее него да го изобличува?
Гнев вриел во душата, злобата растела.
Се разбира, тој сакал да го уништи Јован Крстителот, но, како што често се случува кај подмолните луѓе, во него, од една страна живеело чувството на ѕверска омраза кон праведникот, а од друга страна – страшлива состојба.
Како што е кажано, тој не го вознемирувал Праведникот, бидејќи се плашел од бунтот на народот, кој го сметал пророк.
И ете повторно тука се покажува неговиот лажен карактер, бидејќи ниту еден Јудеец не можел да каже дека тој не верувал во Бога.
Тие ги знаеле заповедите Божји, ги знаеле – и грубо ги нарушувале. И ги мразеле тие, кои ги повикувале кон исполнување на заповедите и ги изобличувале за неправда.
Но, ете, како што често се случувало Ирод приредил гозба за своите кнезови, војводи и старешини галилејски.
И како што е вообичаено, – вино, музика, веселба и танци. И така танцувала ќерката на Иродијада, што многу му се допаднало на Ирод, така што тој и’ ветил да и даде дури и половина царство.
Ќерката отишла да се посоветува со својата мајка, што да побара од царот. И мајката, како јавна блудница, која го мразела Јована Крстителот, одговорила:
“Нам не ни треба половина царство, Ирод веќе е под наша власт.
Но побарај од него, сега да му ја отсечат главата на Јован Крстителот и нека ја донесат на табла овде”.
Оваа молба таа му ја пренесла на Ирод, кој паднал во очај и збунетост. Очевидно, во него се разбудило нешто, но чувството на гордост не му дозволило да им откаже на овие две жени.
Тој испратил стражар во затворот, каде се извршило најголемото злодело – на св. Јован крстител му била отсечена главата и донесена во салата…
Зошто така трепетно се однесуваме кон овој настан? Зошто Црквата востановила строго да се пости во овој ден?
Сето ова е затоа што Црквата ги почитува своите праведници, своите пророци, своите маченици.
За нас, ова, од една страна е напомнување за преданоста кон Бога, сè до оддавање на животот.
А од друга, потсетување, до што може да доведе безумието, особено пак безумието на блудот.
Колку и да е горко, но нашиот свет потона во овој страшен грев.
Овој грев навлезе и во христијанската средина па дури и не се смета за непристоен… Што се случува со нас?
Заборавивме на Бога, го заборавивме патот на нашите татковци. Ги губиме семејствата, ги губиме децата, уште неродени во утробата ги убиваме.
Овој грев ни најмалку не е подобар од гревот на Ирод, а себе си се нарекуваме христијани. Ирод убивал макар и праведник, но не човек, близок по крв.
А што прават мајката и таткото, кои го убиваат сопственото дете, своето бебе?
Во овој значаен ден, треба да размислиме како да се избавиме од овој страшен порок. Самата Црква ни укажала во заповедите, на примерите од житијата на праведниците и отците на Црквата, како треба да живееме.
И денес мора да разбереме што е следно ако не се предомислиме – пропаст, лична и општествена смрт.
Отстапувањето од Божјите норми не е ништо друго освен вечна смрт и земна катастрофа.
За ова мораме гласно да зборуваме, да се повикува за живот според Бога, за животот на нашите татковци, да потсетуваме на многубројните маченици и исповедници од XX век, кои пострадале за Христа.
Свети Претечо и Крстителу Христов Јоване, кој пострада за правда и љубов кон Христа моли го Бога за нас!
Амин.
преземено од порталот на Татарстанската Митрополија