Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои умирале бранејќи ја евангелската вистина, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа Благовестието за спасение на човечкиот род.
Со божествена проповед го просветивте народот
македонски, и со лачите на евангелската вистина
ја украсивте вселената, светители сефални.
Славејќи Го Христа Господа, Кого Го засакавте
од својата младост како божји угодници станавте
жители на небесата, столбови и заштитници
на Македонската Црква. Усрдно го празнуваме
вашиот спомен и ви се молиме:
Бидете застапници пред Христа, нашиот Бог,
за мир и спасение на нашите души!
Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски светители, меѓу кои се и светите солунски и сесловенски браќа Кирил и Методиј,
богомудри и рамноапостолни, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски,
свети Гаврил Лесновски,
свети Григориј, епископ Охридски,
свети Прохор Пчински,
свети Јоаким Осоговски,
свети Јосиф, архиепископ Солунски,
свети Агатангел Битолски,
свети Георгиј Кратовски,
света Кирана Солунска,
свети Никита Серски,
света Матрона Солунска,
свети Јован Кукузел,
свети Александар Солунски,
свети Еразмо Охридски,
свети Нектариј Битолски,
свети Анастас (Спасо Радовишки),
света Васа Солунска,
света великомаченичка Злата Мегленска,
свети Ефтимиј Солунски,
свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици,
свети Роман, епископ Македонски,
свети Николај, архиепископ Солунски,
свети Зиновиј и Зиновија Егејски,
света Тесалоникија,
свети Ангел Лерински,
свети маченик Христо,
свети Никодим Охридски,
преподобен Петар Мегленски,
преподобен Иларион Мегленски,
преподобен Акакиј Серски,
преподобен Дионисиј Костурски,
преподобен Јаков Костурски,
преподобен Петар Атонски,
преподобен Теофил Струмички,
преподобен Давид Солунски,
преподобен Атанасиј Атонски,
преподобен Никодим Елбасански,
преподобен Јован Рилски и мноштво други кои засветиле во подвигот на овие македонски простори.
Новоканонизираните Македонски светители:
Св.40 Битолски новомаченици
Светите Пречистански маченици
Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј
Свети Гаврил Епископ Велички
Свети Кипријан Слепчански
Свети Јоаникиј Ракотински
и сите знајни и незјани македонски светители.
Нека ни е за многу години!