Недела 12-та по Педесетница

Пречистата и пресвета Дева Богомајката Марија е почесна од херувимите и пославна од серафимите, апостолите доаѓаат пред сите светители, светителите пред другите угодници, a останатите угодници пред обичните спасени.

Совршени се тие кои co силата на името на Господа Исуса Христа освен себе спасија и многу други.

А спасени се и тие што успеаја одвај самите себе да се спасат.

„Во домот на Mojoт Отец има многу места за живеење”, рекол самиот Господ (Јован 14, 2).

А да не е така, зар тоа Тој би го рекол? Тој тоа и при оваа пригода го кажува, само на друг начин. Во царството не се сите еднакви, една е славата на тие кои се само влезени во царството, а друга е славата на тие кои се совршени во царството.

Ho најпрвин да се навратиме на условите за влегување во царството, па подоцна ќе слушнеме, повторно од устата на Вистината, за условите на совршенството.

Значи, кои се условите за влегување во царството, односно во вечниот живот?

Да се исполнуваат заповедите. Кои заповеди?

Сите.

Прво тие што забрануваат зло да се прави, па потоа тие што наредуваат добро да се прави, според зборовите на пророкот

“Клони се од зло, а прави добро” (Псалм. 33, 14).

Значи, најнапред треба да го истераш злото од себе, па дури потоа да се оспособиш за правење добро.
Затоа Господ најнапред ги истакнува негативнитe заповеди, па потоа позитивните, а не по ред, како што се објавени преку Мојсеј.

Да не се убива, да не се прави прељуба, да не се краде, да не се сведочи лажно – тоа се негативни заповеди, кои значат избегнување на правење зло.

А да се почитува таткото и мајката, и да се сака својот ближен – тоа се позитивни заповеди – кои значат правење добро.

Додека не се исполнат првите, вторите не можат да се исполнат. Тој што е способен да го убие ближниот, не е способен да го сака ближниот.

И тој што прави прељуба, не знае за љубов.

Спомнувајќи ги овие шест заповеди, Господ не мислел да ги нареди точно сите заповеди, туку само некои поважни.

А дека е тоа така, се гледа од тоа што Господ ја остава настрана токму најважната од сите заповеди – љубовта кон Бога.

Подоцна ќе објасниме зошто Тој оваа заповед намерно ја испушта. Тоа се гледа и од соопштенијата на другите два евангелисти, Марко и Лука, кои дури и не ги наведуваат шесте заповеди спомнати кај Матеј.

На пример, и Марко и Лука не ја спомнуваат заповедта за љубов кон ближниот. А Марко на негативните заповеди им додава уште една општа:

„He навредувај”.

Во сето ова евангелистите се надополнуваат еден co друг и во ништо не си противречат.

Од сѐ што евангелистите соопштуваат едно сепак е јасно, имено: дека Господ немал намера особено да ги истакнува споменатите пет или шест заповеди, туку само да го потсети младичот на сиот стар закон.

А тоа пак што Господ Исус препорачува исполнување на заповедите од стариот закон, ги потврдува неговите поранешни зборови дека не дошол да ги “поништи Законот и Пророците, туку да ги исполни” (Мат. 5,17).

Па кога совршениот Господ без никаква лична потреба го исполнил сиот закон, дотолку повеќе мораат да го исполнат сите тие кои бавно се качуваат по високите скали кон совршенството.

Сите наброени заповеди за богатите луѓе имаат особена внатрешна смисла.

Така, не убивај значи:

посветувајќи му преголемо внимание на своето тело во богатството и раскошот, ја убиваш душата.

“Непрељубодејствувај” значи:

душата е наменета за Бога како невестата за својот вереник; ако се врзе душата co љубовта за cjajoт и светското богатство, за раскош и за преодни уживања, таа co тоа прави прељуба кон својот бесмртен вереник, Бог.

“He кради” значи:

да не крадеш од душата за сметка на телото. He кради ни време, ни грижи, ни труд кое треба да и’ ги посветиш на душата, и тоа не му го давај на телото.

Надворешниот богаташ обично станува очајно сиромав внатрешен бедник.

И обично, но не секогаш, сето богатство на надворешниот човек значи грабеж од внатрешниот човек: здебелено тело – слаба душа, раскошна телесна облека – душевна голотија, надворешен сјај – внатрешна темнина, надворешна сила – внатрешна немоќ.

“He сведочи лажно” значи:

co ништо не ја оправдувај љубовта кон богатството и запоставеноста на својата душа, оти тоа е извртување на Божјата вистина и лажно сведоштво пред Бога и пред совеста.

“Почитувај го татко си и мајка си” значи:

не се почитувај само себеси, оти тоа ќе биде погубно за тебе, почитувај ги таткото и мајката, бидејќи преку нив си дошол на овој свет, за преку тоа да научиш да го почитуваш и Бога, од кога си дошол и ти и твоите родители.

“Сакај го ближниот свој како себеси” значи:

во ова пониско вежбовно училиште на доброто научи да го сакаш својот ближен, за да израснеш до степен на кој се љуби Бог.

 

“Љуби го ближниот свој”, оти таа љубов ќе те спаси од самољубието, кое е во состојба да те погуби.

Да ги љубиш другите луѓе “како самиот себе”, значи пат кон сопствено совршенство во смирението и изедначувањето co другите луѓе во своите очи.

Во спротивно гордоста, која произлегува од богатството, ќе те совлада и ќе те фрли во бездната.

Пренесено од книгата “Омилии” Недела дванаесетта по Духовден.

 

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

16. И ете, еден човек, кога пристапи до Него, Му рече:„Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?”

17. А Он му одговори: „Зошто Ме наречуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог.

А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите.”

18. Тој Му рече: „Кои?” А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно;
19. почитувај ги татка си и мајка си; сакај ги ближните свои како себеси!”

20. Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил од младини; што ми е уште потребно?”

21. Исус му кажа: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!”

22. Штом ги чу младиот човек тие зборови, си отиде нажален, оти имаше голем имот.

23. А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно;

24. и уште ви велам: полесно ? е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.”

25. Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?”

26. А Исус, кога погледна на нив, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сe е можно.”

Подготви М. Даниловска

Претходна статијаСи се преобразил на Гората, Христе Боже, слава Ти!
Следна статијаДесета Недела по Педесетница – „Верувам Господи, помогни му на моето неверие!”