…Зборот преображение означува менување на формата.

Значи, во еден конкретен момент Христос го откри тоа што го криеше, jа објави славата на Божеството, со коешто беше соединета човечката природа од моментот на зачнувањето во утробата на Богородица.

Христос со Своето големо човекољубие го сокри тоа што го имаше отсекогаш, за да не „изгорат” учениците поради својата неподготвеност, бидеки сѐ уште се немаа подготвено.

Христос во тој час се преобрази, но при тоа не прими нешто што не го имаше, ниту се претвори во нешто што не беше, туку на Своите ученици им го објави тоа што Он е.

Всушност, кога зборуваме за преображение, мислиме на тоа дека ја покажа славата на Своето Божество, што го држеше невидливо во видливото тело, бидејќи
луѓето не можеа да се соочат со тоа.

Свети Јован Златоуст ќе рече дека Христос не го покажа
целокупното Божество, туку едно мало негово дејство.

А тоа го направи, од една страна за да извести за тоа која е Божествената слава на Царството, а од друга страна, од човекољубие, за да не го изгубат и својот живот гледајќи ја сета слава на Божеството.

Затоа тајната на
Преображението е и откровение на Царството, но и израз на љубовта и на човекољубието Божјо.

Во литургиските текстови се зборува дека Христос при
Преображението ја обоготвори човечката природа што ја прими. Но тоа се вели со една одредена смисла и не значи дека само тогаш се обожи човечката природа.

Според свети Јован Дамаскин, човечката
природа се обожи од ипостасното соединување со Бога Логосот, што се случи од моментот на Неговото зачнување во утробата на
Богородица, на денот на Благовештението.

Тогаш Божествого ја обожи човечката природа, а човечката природа се обожи (свети Григориј Богослов).

жествената светлина само со својот ум, кој е око на душата, туку и со самите телесни сетила, што претходно беа укрепени со несоздадената енергија Божја

При Христовото Преображение, на учениците им се објави таа обожена човечка природа што беше примена од страна на Бога Логосот:

Претходно беше непозната, а сега стана позната.

Во таа смисла се зборува во некои тропари за обожување на човечката природа при Преображението.

Токму тој факт нѐ води кон гледиштето дека на Тавор немаме само преображение, откривање на Христа (бидејќи тогаш навистина покажа некои зраци од Своето Божество), туку и преображение на учениците.

Учениците се удостоија да го видат обожувањето на Христовата човечка природа, токму затоа што самите тие се преобразија.

Светите отци зборуваат за промена на учениците.

„Се изменија и така го видоа изменувањето” (свети Григориј Палама).

Тоа значи дека постои промена, преображение на Христа, но тоа стана познато затоа што имаше и промена, преобразување на учениците.

Преобразувањето на учениците се случи во целото нивно психосоматско битие.

Учениците не ја видоа Бои се преобразија за да ја видат.

Телесните очи се слепи за Божјата светлина, бидејќи очите на човекот се создадени и не можат да ја видат несоздадената Светлина.

Затоа и беа преобразени од енергијата Божја и се удостоија да ја видат славата Божја (свети Григориј Палама).

,,Секако, тоа не го видоа сите луѓе на земјата во тој момент,
освен тројцата ученици и пророците кои се јавија.

Свети Григориј Палама вели дека сетилното сонце што изгрева го гледаат сите што живеат на земјата, освен ако некој е слеп, додека духовното сонце на правдата го гледаат оние што се подготвени.

Анализирајќи ја оваа своја мисла, вели дека сетилното сонце, бидејќи е без душа, нелогосно и нема волја, го гледаат сите луѓе, додека духовното сонце нема само
природа и природна блескавост и слава, туку и соодветна волја, и затоа се јавува на оние на кои сака и колку што сака долго време.

Според тоа, духовната и несоздадена светлина ја гледаат оние што се удостоіуваат од Бога за тој опит, бидејки Бог се открива Себеси на оние на кои сака, а тоа откровение е аналогно со духовната состојба на луѓето што се удостојуваат со откровенскиот опит.

При големиот настан на Христовото Преображение беа присутни само тројцата ученици Петар, Јаков и Јован.

Овие три личности ги зема Христос и во други моменти, како што е воскреснувањето на Јаировата ќерка и молитвата во Гетсиманија.

Овој избор не може да се окарактеризира како пристрасност. Не можеме да Му придадеме на Христа човечки склоности и острастени чувства.

Постои една најдлабока теолошка етиологија.

Многу добро знаеме дека откровението и објавувањето Божјо може да биде Paj за подготвените за тоа созерцание и Пекол за неочистените или барем за оние кои не се подготвуваат.

Затоа и треба некој да се наоѓа во соодветна духовна состојба за да го прими Божјото откровение боговидно, а не пеколно.

Изгледа, значи, дека тројцата ученици беа најподготвените за да го примат ова отровение Божјо.

За другите требаше да остане скриено и да им се открие по Неговото воскресение…
Извадок – Омилии

Претходна статијаСрцето да плаче, тоа е молитва! (Поуки – Старец Сампсон)
Следна статијаНедела 12-та по Педесетница (…пази ги заповедите)