ПРАВИЛА И ОДРЕДБИ НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ЗА ПОСТОТ 

Суштината на христијанскиот пост не е умртвување на телото, како што погрешно се мисли, туку умртвување на гревот во нас, зашто гревот предизвикува пропаѓање и смрт.

Закрепнувајќи ја волјата, постот му дава можност на духот да владее со телото.

Кога христијанинот пости треба да се откаже од секакви светски веселби и задоволства, од посетување на места каде што е возможно да згреши со помисла, збор или со поглед.

Воопшто, треба да се стремиме, колку е можно повеќе, поголем дел од мислите да Му ги посветиме на Бога и на тајната умносрдечна молитва.

Оние кои поверувале во Христа започнале да постат уште во времето на апостолите.

ПЕТРОВДЕНСКИ  ПОСТ

Овие пости се востановени во чест на светите Господови апостоли и во чест на раѓањето на Господа Исуса Христа.

Тие се постат вака:

во понеделник, среда и петок не се јаде масло и вино;

во четврток и вторник се дозволува масло и вино,

а во сабота и недела масло и риба.

Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба.

Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино.

Ако е голем празник во среда и петок се допушта, поќрај масло, и риба.

Ако падне ден на црковна слава во среда и петок, се дозволува масло и риба.

Претходна статијаДедо Наум – Чудата се случуваат затоa што немаш вера!
Следна статијаКАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДИ НА ЦРКОВНИ СЛУЖБИ – Свети Нифонт (кратка поука)