ПРОТОКОЛИ НА СВЕТИОТ И ВЕЛИК СОБОР ВО ЦАРИГРАД
за црковното бугарско прашање
1872 година
Мислење на Соборската Комисија
II.
1. Етнофилетизмот, односно правењето разлика врз основа на народното
потекло и јазичната разлика, како и остварување на ексклузивни права од страна на
одредени поединци или цели групи луѓе кои се од исти места и генеалошки поколенија и каква вредност може да има тоа во световниот живот среде различни
етникуми, е надвор од опсегот на истражување на нашето изложување.
Но, за христијанската црква – духовно општество, предодредено од нејзината Глава и Основач да ги вклучи сите народи во едно братство во Христа – етнофилетизмот е
сосема туѓ и неразбирлив.
И навистина, етнофилетизмот, или групирањето во едно
исто место на целосно етнички (филетистички) цркви, од кои сите примаат под свое водство само сонародници, а иноплемените (оние од другите етникуми) се исклучени;
додека за пастири примаат само сонародници, а не прифаќаат луѓе од други племиња, бидејќи се верни следбеници на етнофилетизмот – сето тоа е сосема нечуено и невидено до сега.
Од самиот почеток, сите христијански цркви основани на места биле
локални, опфаќајќи ги верниците од даден град или од одредена месна околија, без разлика на народност: затоа и тие биле насловени според името на градот или месноста, а не според за етничкото потекло на нивното население.
Уште од самиот почеток Ерусалимската црква се состоела, како што е познато,
од Евреи и од прозелити (дојденци) од сите народи; исто така Антиохиската,
Александриската, Ефеската, Римската и останатите, сите тие се состоеле од Евреи и јазичници, односно од други народности.
Секоја црква била особено обединета и
неразделна;
секоја ги прифаќала Христовите апостоли како свои апостоли, а сите тие биле Евреи;
секоја имала епископ одреден од светите апостоли, без разлика на националноста, како што сведочи историјата на основањето на првите Божји цркви.
Оние цркви кои апостол Павле ги спомнува – „цркви на народите“ очигледно
се составени од јазичници кои не се од ист народ и јазик и така биле наречени, не за да се разликува секој еден народ,туку да се разликуваат од Евреите верници.
Ист е случајот и со изразите Црква Солунска, Лаодикиска, Смирненска итн, при кои воопшто не се прави разлика по народ и племе: затоа никогаш не се чуло дека постои народ и племе смирненско, племе лаодикиско, племе солунско итн.,
но се разликуваат само верниците кои живеат во Смирна, Солун, Лаодикија итн., без никаква етничка разлика.
Постоеле злоупотреби, роптање и недоверба, сведочи историјата, дури и меѓу членовите на првите цркви, како што е на пример роптањето на Елинистите
против Евреите во Ерусалимската црква.
Но, светите апостоли, за смирување на духовите, не ја пресекле едната Ерусалимска црква на два дела,т.е. Еврејска и
Елинска, но откако ги собрале верниците на Црквата, рекле:
„Браќа, погрижете се меѓу вас да изберете седум души со добро име, исполнети со Светиот Дух и со
мудрост, кои ќе ги поставиме за оваа служба“ (Дела 6,3).
Ваквиот начин на устројување на помесните цркви преовладува и по апостолските времиња, односно сега во епархиските цркви или во црковната управа,
определена од владејачката политичка поделба или од други историски основи.
Полнотата на сите верници во овие цркви ја сочинуваат христијани од различни
националности и јазици.
Така и Црквите на патријаршиските престоли на Константинопол,
Александрија, Антиохија, Ерусалим, како и Кипарската архиепископија, кои досега постојат по Божјата благодат, биле и се помесни цркви уште од своето основање,
односно се ограничени во географски граници, а не во народни (етнички).
Затоа тие не се насловени по името на различните народи, како на пример Грци, Египќани, Сиријци, Арапи, Власи, Молдавци, Срби, Бугари итн., кои мешано ги населуваат областите на овие Цркви,туку секоја една е насловена според името на својот главен град.
Такви беа Охридската и Пеќската архиепископија, како и Трновската
патријаршија,за која се крена толкава врева и шум од страна на филетистите,
односно тие беа Цркви зацртани во одредени граници и воопшто не беа составени од филетистички причини, ниту пак нивната полнота се состоела исклучиво од еден
народ и племе со еден јазик.
Што се однесува до подоцнежните изрази: Црква
латинска, грчка, ерменска и др. .,тие не го носат своето значење ни најмалку според народните или племенските разлики,туку според догматските.
Исто така, под Црква
на Грција, на Русија, на Влашка и Молдавија или, како што погрешно се вели:
Грчка, Руска, Српска, Влашка Црква итн., означува дека овие Цркви во земјите во кои се наоѓаат се независни или полузависни, или полузависни со посебни привилегии,
бидејќи имаат одредени граници според политичката (општествената) власт, од која следи и духовната власт и ниту една од нив не излегува надвор од овие граници, за да
1
грч. καταχρηστικώτερον – по злоупотреба, без тоа да биде дозволено од буквата или духот на законот.
2
бараат за себе други црковни права. Тие (овиеЦркви) не се составени од национални (етнички) причини,туку според социјалната состојба имаат своја полнота од различни народи (етноси) и јазици, кои од почит кон татковските преданија (наЦрквата) се послушни на локалните црковни власти и живеат во мирот наевангелското единство.
И тоа не се важи само во Православната Црква, но дури и во
еретичките и расколничките општества никогаш не се видело или чуло браќа од иста вера да бидат одделени едни од други со независни етнички цркви во рамките на истата епархија, град или парохија.
Но, дури и светите Отци на Соборите – поединечни или општи, помесни или
вселенски – присуствуваа на нив не според нивната етничка припадност, било
сопствената или онаа на нивната паства, туку како претставници на Црквата што ја водеа.
Ако понекогаш во протоколите (актите) на поранешни собори или во црковната историја најдеме дека некои Отци биле насловени не со името на градот или местото,туку со името на етничката група, како што се Сараценски епископ,
Готски, Скитски,тоа е бидејќи потекнува од сè уште недефинираната во неговото (на дадениот епископ) време граѓанска и социјална состојба на тие народи.