ДОБРИТЕ ПОМИСЛИ, ПРОТИВОТРОВ ЗА БУЧАВАТА

Бидејќи луѓето денес, за жал, користат бучни апарати, дури и за најмала услуга, ако се најдеш среде некој метеж, имај добри помисли.

He можеш да речеш:

„He користи ова, не користи она, затоа што создава бучава”, но затоа можеш да имаш добри помисли.

Ha пример, го спушаш распрскувачот и помислуваш дека прелетува хеликоптер.

Во себе речи:

„Можеби е болна некоја од сестрите и сега доаѓа хеликоптерот да ја пренесе до болница. Колку би била тажна тогаш! Слава му на Господа, ние сите сме здрави”.

Потребна е остроумност и досетливост, уметност за раѓање на добри помиспи. Слушаш, на пример, бучава од бетономешалка или од дигалка.

Речи: „Слава Ти, Боже, што нема бомбардирање, не се уриваат куќи. Луѓето живеат во мир и ѕидаат”.

Старче, а кога на некого му се оштетени нервите?

Оштетени нерви?

Повторно нема подобра работа од добри помисли.

Еден човек изградил куќа на некое тивко место. Подоцна, од едната страна се изградила гаража, од другата страна пат, а од третата ресторан co жива музика.

До полноќ – пијанки. Кутриот човек воопшто не можел да спие. Ставал тампони во ушите, почнал да пие и таблети. Малку му недостасувало да полуди. Дојде кај мене и ми рече:

– Старче, таква и таква е работата. Никаде не наоѓам мир. Што да правам? Мислев да изградам друга куќа.

– Само ти имај добри помиспи – му реков. Замиспи: изби војна – во гаражата прават тенкови, во близина е болницата за ранетите, а тебе ти велат:

Ти само седи овде. Ќе те оставиме жив, нема да те чепкаме. Можеш спободно да излегуваш од својата куќа, но само до оградата затоа што тука нема да падне бомба”,

или: „Остани во својата кука и никој нема да ти пречи”,

зар тоа би било мала работа?

Зар тоа не би го сметал за благослов?

Затоа сега речи: „Слава Ти, Боже што нема војна, луѓето се добро и секој си ја работи својата работа. Во гаражата, наместо тенкови, луѓето ги поправаат своите автомобили. Спава Ти, Боже, нема болници, ранети… He минуваат тенкови; минуваат автомобили и луѓето брзаат да ги завршат своите
работи”.

Ако така ги насочуваш своите помисли, co тек на времето ќе почнеш и да го прославуваш Бога.

Тој кутри човек сфати дека суштината е во правилната поставеност и си отиде спокоен. Малку по малку, се соочи co својот проблем co добра помисла, ги остави табетите и сега спие без тешкотии.

Гледаш ли како човекот, само co една добра помисла, се доведува воред?

Bo една прилика, се возев co автобус, а кондуктерот пушти гласна музика. Некои побожни момчиња му кажаа дека во автобусот има и еден монах, и неколку пати се обидоа да му дадат до знаење да го исклучи радиото.

Еднаш, двапати, но тој не реагира;

го пушти радиото уште посилно. „Оставете го” – им реков – „мене тоа не ми пречи.

Напротив, ми држи исон додека пеам”.

Размиспував: „Ако, не дај Боже, малку подалеку одовде се случи некоја автомобилска несреќа, би биле принудени во нашиот автобус да ги внесат повредените луѓе:

еден co скршена нога, друг co скршена глава, па како би ја трпел таа глетка? Слава Ти, Боже! Луѓето се добри, уште и пеат!” Така радосен патував и пеев.

Ќе ви раскажам уште една случка за да видите како човек само co една добра помисла може да се доведе во ред во секоја прилика. Бев во Ерусалим co еден мој познаник.

Таму беше некој празник.

Славеа и постојано викаа „а-лала… ax!”,

co нечуен пискот и врисок. Што би се рекло

: Фалете го co кимвали громоглосни!

Ништо не можеше да се разбере!

Цела ноќ викаа така. Мојот познаник се нервираше, често гледаше низ прозорецот, не можеше очи да склопи. А јас, co една добра помисла што ја имав, спиев како птичка: се сетив на излегувањето на Евреите од Египет и тоа ме трогна.

Така и вие, секогаш и кон сѐ треба да се поставувате со добри помисли.

На пример: ќе тресне вратата.

Помислете: „Ако, не дај Боже, ѝ се спучеше нешто на некоја сестра, ако се удреше и ако ја скршеше ногата, зар ќе спиев? Сега малку тресна вратата; голема работа; веројатно сестрата брзала да заврши некоја итна работа”.

Но ако почнеш да осудуваш и да говориш:

“Ја тресна вратата! Колку е невнимателна! На што личи тоа!”, како после да стекнеш мир.

Од моментот кога ќе почнеш co ваквите помисли, ѓаволот нема да престане да те вознемирува.

Или некоја сестра може ноќе да слушне будилник како ѕвони. Ha пример, будилникот ѕвони, а не долго потоа, слуша како повторно ѕвони истиот будилник.

Ако помисли: „Мојата сестра била преморена, не можела да стане. Подобро е што се одморила половина час повеќе, за да може после /бодро/ да го извршува своето молитвено правило”, тогаш нем
да чувствува огорченост и лутина, ниту ќе се вознемирува што си се разбудила.

Но ако мисли само на себе и на тоа како ја разбуди будилникот, ќе помисли: “Што се случува овде?

He можеш да имаш ни малку мир!” Затоа, колку што помага една добра помисла, не помага ниеден подвиг.

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаДА ГО ПОЧИТУВАМЕ МИРОТ НА СВОИТЕ БЛИЖНИ!
Следна статијаСЛАВА ТИ БОЖЕ НАШ, СЛАВА ТИ! (Св. Андреј Критски – канон во шестата недела од Великиот пост)