НЕДЕЛА НА МИТНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ
Евангелие за добриот и за лошиот богомилец (Лука 18, 10-17, Зач. 89)
…
Замислете сега дека и ние сме на лекување во оваа светска болница.
Нашата заедничка болест се нарекува co едно име – неправда.
Овој збор ги опфаќа сите страсти, сите пороци, сите гревови, co еден збор, сите слабости и раслабености на нашата душа, на нашето срце и на нашиот ум.
Некои луѓе се на почетокот на болеста, други на врвот, а трети, пак, заздравуваат.
Но такво е својството на оваа болест на внатрешниот човек, дека само оние кои оздравуваат се свесни за страшната болест од која боледувале.
Најболните најмалку знаат за својата болест. И при телесната болест, кога е под голема температура, човекот не знае ни за себе ни за својата болест.
Ниту пак безумниот човек вели за себе дека е безумен.
Почетниците, пак, во неправда
некое време чувствуваат срам од својата болест, но повторуваните гревови брзо ги приведуваат кон навиката за грешење, a оваа пак доведува до опиеноста и занесот од неправдата, при што душата веќе не се чувствува себеси па ниту својата болест.
И сега замислете си, лекарот да влезе во болницата и да запраша: што ве боли?
Оние, кои се на почетокот на болеста поради срам не ќе ја признаат својата болест, туку ќе речат: ништо!
Оние, пак, што ce во кулминацијата на својата болест дури ќе се најдат навредени од таквото прашање, и не само што не ќе речат дека ништо не ги боли, туку ќе почнат да се фалат co своето здравје.
Само оние што веќе се наоѓаат во фазата на оздравување ќе му одговорат на лекарот:
Сѐ, сѐ нѐ боли! Смилувај се на нас и помогни ни!
„Ако се плашиш од исповедта на своите гревови, ти погледни на пеколот, кој само исповедта може да го изгасне” (Тертулијан: За покајанието, I, с. 12).
Размисли за сето ова, слушни ја приказната Христова и самиот процени дали таа се однесува и на тебе.
Ако зачуден кажеш дека оваа приказна не се однесува на тебе, тоа значи дека си на почетокот на болеста која се вика неправда.
Ако, пак, co негодување кажеш: jac сум праведен, тоа се однесува на овие грешници околу мене, тоа значи дека си во кулминацијата на болеста.
Ако, пак, покајнички се удираш во градите и одговориш:
навистина, болен сум и ми треба лекар, тоа значи дека си на патот на оздравувањето. Тогаш да не се плашиш, ќе оздравиш.