Свето евангелие според светиот апостол Лука
8:5-15
5. Излезе сејач на семе; и кога сееше, едно падна покрај патот и беше изгазено, и птиците небески го исколваа;
6. а друго падна на камен, па штом никна, се исуши, оти немаше влага;
7. едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши;
8. а друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.” Откако го рече ова, извика: „Која има уши да слуша, нека чуе!”
9. А учениците Негови Го прашаа, велејќи: „Што значи таа парабола?”
10. Он рече: „Вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството Божјо, а на другите ќе им се зборува во параболи, та гледајќи да не виѓаат, и слушајќи да не разбираат.
11. А оваа парабола значи: семето е словото Божјо.
12. Она, што падна покрај патот, се оние, кои слушаат; но потоа доаѓа ѓаволот и им го зема словото од срцата нивни, за да не поверуваат и да не се спасат;
13. а она на камен – се оние, кои кога ќе го чујат словото, со радост го примаат; но немаат корен и веруваат некое време, па штом дојдат искушенија, тие се откажуваат;
14. тоа, пак, што падна меѓу трње, се оние, што го слушаат словото, но кога отидат, се подаваат на грижи, богатства и наслади од овој живот и не донесуваат плод;
15. а оние на добрата земја, се тие што го слушаат словото и го пазат во добро и чисто срце, и принесуваат плод со трпение.” Штом го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе!
+++
“Излезе сејач да сее ceме”.
Колку едноставен, толку и свечен почеток на приказната. Значи: дојде времето за сеидба, мразевите и снеговите ја подготвија земјата, орачите ја изораа, пролетта настапи, и – сејачот излезе да сее.
Излезе сејачот од домот свој, на нивата своја, да го посее семето – не туѓо, туку своето. Toa e надворешната едноставност; a внатрешната длабочина e: сејачот е Христос, семето e евангелската животодавна наука.
Човекот е подготвуван co илјадагодишните маки и страдања, co беспаќа и лелеци да го прими божественото семе на животодавната наука. Пророците jа изораа нивата – душите на луѓето, a Христос засветли како пролет по долготрајната студена зима и како сејач излезе да сее.
Пророците се орачи, a Toj e сејач. Ако пророците посеале понекаде нешто, тоа не било нивно семе, туку од Бога позајмено. Но Христос излегол да го посее своето семе. Лажните учители пред Христа земаа семе од ѓаволот и го сееле по светот како свое.
Христос не позајмува од никого, туку навистина сее од своето. „Излезе сејач…” – но од каде излезе и каде тргна?
Излезе Синот Божји од вечната прегратка на својот Татко, а сепак не се одвои од таа прегратка. Излезе во човечко тело. за како човек да им послужи на луѓето.
Излезе како светлината што излегува од сонцето, a сепак не се одвојува од него. Излезе како дрво од својот корен, не одвојувајќи се од коренот.
Душите на луѓето се неговата нива; a Toj излезе на својата нива.
Светот преку Hero настана, a Тој дојде во светот – значи, на својата нива излезе.
Душите на луѓето преку Heгo настанаа, и ‘Он при своите дојде’ -значи, на својата нива излезе. И така, излезе од своето пребивалиште, дојде на својата нива, за да го посее своето семе.
Тој e вистинскиот сејач, опкружен co мир од сите страни поради неоспорната сопственост над семето и чистотата и правдата на своите патишта.
A не како слуги што излегуваат од туѓи домови, одат на туѓи ниви и сеат туѓо семе, па понекогаш во своите лоши дела се забораваат, па туѓото го присвојуваат и го нарекуваат свое, поради што ги зафаќа немир и страв.
„И кога сееше, едно падна покрај патот и беше изгазено, и птиците небески го исколваа; a друго падна на камен, пa штом никна, се исуши, оти немаше влага; едно, пак, падна меѓу трње; и израсна трњето, па го задуши; a друго падна на добра земја, и кога изникна, донесе стократен плод.
Откако го рече ова, извика: Кој има уши да слуша, нека чуе.”
Последниве зборови покажуваат дека приказната има скриена смисла. Сите луѓе имаат уши и можат лесно да го слушнат гласот и зборовите на оваа приказна, но сите немаат духовен слух, за да го слушнат духот што провејува низ оваа приказна.
Затоа Господ вели: кој има уши да слуша, нека чуе.
Целата оваа приказна e јасна и вистинита, дури и кога се гледа во неа само опис на еден обичен настан. Секој земјоделец може да потврди од своето искуство дека вака се случува co посеаното семе на нивите.
Секој сејач би ги раскажал своите маки околу сеидбите на нивите: да ги попречи патиштата преку нивата, да ги извади камењата, да го ископачи трњето, и така целата нива да ja направи плодна.
Ho оваа приказна не e раскажана поради тоа што секој го знае, туку поради таинствената смисла, Koja никој порано не ја знаел. Таа e раскажана заради длабоката и трајната духовна вистина што се крие во неа.
Нивата ги претставува душите на луѓето. Различните делови од нивата се различните души по квалитет. Некои души се како земјата до патот; некои како каменливото земјиште; третите како земјиштето co трње; a четвртите како добра земја, далеку од патот и очистена од камења и трње.
Но зошто сејачот не го фрла семето само врз добрата земја, туку и врз патот, врз камењата и врз трњето?
Затоа што евангелската проповед (благовештението) е јавна, а не тајна; не e тајна и ограничена само на еден број луѓе, какви што беа мрачните таканаречени науки кај Грците и Египќаните, чија цел беше полесно владеење со луѓето.
„Тоа што ви го говорам во темнина, кажете го на видело; и она што го слушате на увото, разгласувајре го од покривите” (Мат. 10, 27).
Така им заповеда Господ на своите ученици – главниот сејач на другите сејачи.
Значи, Бог сака да се спасат сите души на луѓето, зашто Тој ‘сака сите луѓе да се спасат (1. Тим. 2, 4), бидејќи не сака да изгинат некои (2. Петр. 3, 9)!
Ако Господ јa сееше својата божествена наука само меѓу добрите луѓе, тогаш лошите би можеле да се правдаат дека не знаеле за евангелието. Така својата пропаст би ја припишувале на Бога, a не на својата грешност.
Ни еден човек не ќе пропадне поради Божја вина, бидејќи Бог e праведен, и никаква вина не може да се доближи до светлината на Неговата правда.
Пренесено од книгата “Омилии” Недела дваесет и прва, Евангелие за Господ сејачот (Лука 8, 5-15; Зач. 35)
Подготви М. Даниловска