“А кога го виде тоа Симон Петар, падна пред нозете Исусови и My рече: Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!
Зашто беше влегол страв во него, и во сите што беа co него, од тој лов на риби што ги уловија, a исто така и во Јакова и Јована, синовите Заведееви, кои му беа другари на Симона.”
Исплашен од невидената глетка, Симон падна на колена пред Христа.
Тој ни во еден момент не се посомнева дека таков лов треба да му се припише на Христовото присуство во коработ.
Настанот толку ја потресе душата на Симон, што тој веќе не го нарекува Христа учител, туку Господ, бидејќи и луѓе можат да бидат учители, но Господ е еден.
Веројатно кога ги слушаше Христовите мудри поуки на народот, Симон помисли дека Христос е учител.
Но откако го виде Неговото моќно дело, го нарече Господ.
Видете, колку е делото поважно од зборот!
И нас, кога зборуваме умни зборови, лугето ќе нѐ сметаат за учени луѓе, но ако co дело го потврдиме нашиот збор, луѓето ќе нѐ наречат Божји луѓе.
Веројатно дека и Симон, слушајќи ги Христовите зборови, мислел во своето срце:
колку убаво и мудро зборува! Гледајќи го ова, Тој што ги знае сите срца, Христос, го одведе Симона на морската длабочина, за да му покаже дека го исполнува тоа што го зборува.
Ho да слушнеме, што му рече Симон на Господа.
Наместо да му заблагодари за големиот дар и да се восхити на чудото, тој вели:
“Оди си од мене!”
Нели и луѓето од Гадара го молеа Христа да отиде од нив, кога Тој ги исцели мачените од бесови? Да.
И тие тоа го сторија, но не од истите побуди како Петар.
Гадаринците не го сакаа Христа поради своето користољубие, бидејќи им беше жал за свињите што ги удавиле демоните кои Господ ги истера од човекот.
Но Петар изјавува: “оти сум човек грешен”.
Чувствувајќи ја својата грешност и недостојност, тој го моли Христа Господа да оди од него.
Ова чувство на своја сопствена грешност во присуство на Бога е скапоцен камен на душата.
Ова Господ го цени повеќе од сите формални химни и благодарности.
Бидејќи, ако човекот пее многу химни на восхит и благодарност кон Бога, а не ја чувствува својата грешност, тоа ништо не му помага.
Чувството на грешност води кон покајание, покајанието води кон Христа, a Христос кон препородување.
Чувството на сопствената грешност е почеток на патот на спасението.
Kora некој долго лута по погрешни патишта, за него е најважно да излезе на вистинскиот пат.
А кога еднаш веќе ќе излезе, му останува да оди по тој пат и од него да не скршнува ни лево ни десно.
Што му помогна молитвата на оној фарисеј што го фалел Бога фалејќи се себеси?
Тој не се оправда пред Бога, туку оној цариник што се удирал во градите, молејќи го Бога:
“Боже, биди милостив спрема мене грешниот (Лука 18,13)”.
Ho тоа беше почетокот на утврдувањето на Петар во верата во Христа Бога.
Ќе дојде време кога тој поинаку ќе му зборува на Господа Христа.
Ќе дојде време кога многумина од следбениците Христови ќе го напуштат и кога Петар ќе рече:
„Господи, при кого ќе отидеме? Ти имаш зборови за живот вечен.” (Јован 6, 68).
Ho cera, во почетокот, исплашен од Божјата сила, Петар вели:
“оди си од мене!”
He беше само Петар исплашен, туку и неговите другари Јаков и Јован, синовите Заведееви, и сите други што беа co нив.
Сите тие почнаа co страв од Господа, а завршија co љубов во Господа, како што e напишано:
“Почеток на мудроста е стравот Господов (Изрек. 1,7).”
Ha стравот, клечењето и извикот на Петар себлагиот и сезнајниот Господ одговара:
“He бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!”
To ест: светот е море од страсти, мојата Црква е кораб, а моето евангелие е мрежа co која ќе ловиш луѓе.
Без мене ништо не ќе можеш да сториш, како што не можеше минатата ноќ ништо да уловиш, a co мене секогаш ќе имаш богат лов – за коработ да биде секогаш полн.
Послушен биди секогаш како што беше и денес и никогаш празен не ќе се враќаш од ловот.
Пренесено од книгата “Омилии”
Недела осумнаесетта
Осумнаесетта Недела по Педесетница
1. Еднаш, кога народот се притискаше кон Него за да го чуе словото Божјо, Он стоеше покрај Генисаретското Езеро.
2. Тогаш виде два кораба, што стоеја покрај езерото; а рибарите, излегле од нив, си ги плавеа мрежите,
3. Како влезе во еден од корабите, кој беше на Симона, го замоли да се оддалечи малку од брегот, па седна и го поучуваше народот од коработ.
4. А штом престана да говори, му рече на Симона: „Заплови во подлабоко и фрлете ги мрежите свои за лов!”
5. Но Симон Му одговори и рече: „Наставниче, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме; но по Твоја волја ќе ја фрлам мрежата.”
6. И штом го направија тоа, тие уловија голема количина риба, та дури и мрежата им се скина.
7. Им дадоа знак на другарите, што беа во другиот кораб, да дојдат и да им помогнат; и тие дојдоа и ги наполнија и двата кораба така, што за малку ќе потонеа.
8. А кога го виде тоа, Симон Петар падна пред нозете Исусови и Му рече: „Оди си од мене, Господи, оти сум човек грешен!”
9. Зашто беше влегол страв во него, и во сите што беа со него, од тој лов на риби, што ги уловија;
10. а исто така и во Јакова и Јована, синовите Зеведееви, кои му беа другари на Симона. И му рече Исус на Симона: Не бој се! Отсега ќе ловиш луѓе!”
11. Кога ги извлекоа двата кораба на суво, оставија сe и тргнаа по Него.