32. Како прилега да ја поделиме нашата љубов кон Бога, кон ближните и кон самите себеси?
Bo “Спасението на грешникот” читаме дека кон самите себеси треба да имаме судиско срце, кон ближните – мајчинско срце, а кон Бога – синовско срце.
Бога сме должни да Го љубиме со сето срце, co сета своја сила и доблест, постојано подготвени да го дадеме и животот за Hero, како што тоа го правеле светите маченици, преподобни и ерарси, кои се жртвувале за љубовта Христова и за Евангелието.
Нашиот ближен да го љубиме како самите себеси, односно како што се сакаме самите, како што за себе се грижиме, се храниме и си помагаме, исто така ни прилега да го љубиме и нашиот ближен,
да го милуваме, храниме, помагаме и да го упатуваме на патот на спасението.
Самите себеси, пак, ни прилега постојано да се осудуваме и да се укоруваме за нашите гревови, сметајќи се самите најгрешни од сите луѓе.
Ако така правиме, ако така Го љубиме Бога и ближниот, a самите себе се судиме co смирението, вистински ќе се спасиме и ќе бидеме примени во Царството небесно.
33. Колку видови на љубов постојат, според светите отци?
Свети Никодим Агиорит и другите отци љубовта ja поделуваат на пет видови: • Духовна љубов, односно љубовта кон Бога и кон ближните, Kojа e највозвишена и единствена душеспасоносна (Матеј 22, 23-40);
• Природна љубов, односно љубовта помеѓу младите,
љубовта на сопружниците, на родителите кон децата и децата кон родителите, кoja ниту е за спасение ниту е за осуда, бидејќи е од природата;
• Љубов од гордост и од празна слава, кога некој ги љуби оние кои го фалат и говорат добро за него;
• Љубов од интерес, кога некој го љуби ближниот, та макар и поради пари, поради дарови, поради почитување, или поради некоја друга човечка причина;
• Телесна љубов, односно од страст, кога некој ги љуби луѓето или жените поради уживање и телесни гревови или поради пијанство кое води во разврат.
Првата љубов е спасоносна.
Втората е природна, што значи ниту добра, ниту зла.
А последните три вида љубов донесуваат вечна осуда, ако христијанинот не ги напушти.
Пренесено од книгата “Голем е Бог” од Старец Клеопа