САМОВОЛНИ СТРАДАНИЈА
„Бог особено ги љуби оние, кои доброволно одат на страданија заради Христа”
(Старец о. Алексеј Зосимовски)
Сите погоре наброени видови на страдања му се испратени на човекот од Бога. Друг извор на страданија може да биде и самиот човек.
Во тој случај страданијата ќе бидат самоволни.
Треба да се одбележи, дека во бројот на слични страдања се и таквите, кои нам не ни носат корист и поради кои нема да нѐ сожали ниту Бог, ниту луѓето.
Тоа се оние страдања, во чија основа лежат нашите страсти и гревовни навики.
Такви се, на пример, страдањата од завист,
од незадоволена
гордост или алчност,
страдањата од незадоволување на своите каприци, на пример, од невозможноста убаво да се облечеме, од отсуство на удобност во домот и сл.
Навистина, може да се каже дека полошо им е на тие кои така се мачат.
Честопати во животот може да се сретнат страдања и од
омрази, непријателства, расправии итн.
Причина за нив е отсуство на љубов кон ближниот, несакање да им се служи, да се биде снисходлив кон нив и да им се попушти, да се поднесуваат нивните недостатоци итн.
Христијанинот во такви случаи треба внимателно да се преиспита самиот себеси.
Тогаш ќе разбере, дека и самиот е виновен, и е извор за јавените расправии, кавги и омрази.
Еве како пишува о. Александар Елчанинов:
„Мноштвото недоумици на современите христијани би се разрешиле, ако ние навистина би биле христијани во евангелска смисла, би се разрешило и тоа прашање за смислата на страдањето:
‘како Господ трпи’… и многу други.
При нашата себичност, безобзирната приврзаност кон богатствата на овој свет, кога и самата таа приврзаност ги раѓа повеќето страдања, за каков религиозен смисол на нашиот живот и, вклучително и нашите страдања, ние можеме да зборуваме?”
Такво е самоволното страдање на луѓето во светот. Различни ќе бидат страдањата по своја волја кај луѓето, кои живеат во Духот Свети. Како најголемо и најпрекрасно од тие страдања е доброволното страдање заради Христа.
Како што зборувал о. Алексеј Зосимовски:
„Бог ги љуби особено тие, кои доброволно идат на страдање заради Христа”.
Исто така, такви благотворни за душата се и страдањата од покајание.
Знаејќи го својот грев, христијанинот самиот себеси се казнува, и co самоволните страдања се спасува себеси, совршено или делумно, од оние другите, несамоволни страдања.
Апостол Павле пишува:
„Зашто, ако бевме се испитувале самите себе, тогаш немаше да бидеме осудени. Но судејќи нѐ, Господ нѐ накажа, за да не бидеме осудени заедно co светот” (1 Kop. 11, 31-32)
Старецот Партениј од Киевската Лавра некогаш го прашал митрополитот Филарет Киевски:
„Јас, имено се сомневам, Владико, во исправноста на патот по кој одам. Апостолите зборуваат, дека сите кои живеат во Христа, ќе бидат гонети, а јас не знам за никакви гонења”.
„Зошто тебе да те гонат, кога ти самиот себеси се гониш?” му одговорил на старецот-аскет митрополитот Филарет.
По тој пат на „самогонење” оделе преподобните, аскетите, јуродивите, столпниците, затворниците, пустиниците и други подвижници во Христа:
одејќи пo пат на „казнување” на своето тело, тие ги спасиле своите души.
Блазе си им на тие мудри Христијани кои имаат сила и ревност, во извесна мера да одат по нив по патот на самоволните страдања.
Тие страдања порано или подоцна незапирливо преминуваат во голема духовна радост: во благодатни солзи, умиление, тишина и радост на срцето, спокој на духот.
За тие страдања тие добиваат духовни подароци: во нив расцветуваат миризливите цветови на добродетелите, вера, љубов, надеж, смирение, кроткост и т.н.
Тие, покрај тоа добиваат и способност безгрижно да пребиваат на тесниот пат на животот христијански, по зборовите на ап. Павле:
„…co големо трпение, во неволји, во нужди, во тескоби, при рани, во темници, во скитања, во напори, во бденија, во пости… при чесност и бесчесност, при укори и пофалби… нѐ казнуваат, но не можат да нѐ умртват; нѐ нажалуваат, а ние сме секогаш весели; нѐ сметаат за бедни, а мнозина обогатуваме; како ништо да немаме, a сѐ имаме” (2. Кор. 6, 4-10).
Пренесено од книгата
“Кој нѐ укорува, тој ни подарува
Како да се спасиме – патишта кон очистување на душата”
Подготви Мина Даниловска