Свети Теофан Затворник
ЗА САМОПРЕЦЕНУВАЊЕТО
Големиот познавач на човечката природа во сегашната повредена состојба, св. Теофан позитивно потврдува, дека поголемиот дел на гревовните појави во нас го имаат својот извор во премногу изразено дури болно самољубие, или, како што тој се изразува, нашето „самопреценување” (високо мислење за себеси).
За да можеме да се бориме co тоа, ние ќе треба да ги впрегнеме сите свои сили, по советот на преосветениот.
Така тој на едно лице му пишува:
„Гневот и навредувањето – се „самопреценување”, според кое ние се чувствуваме и мислиме дека премногу вредиме и поради тоа, кога некој ќе се дрзне да не ни возврати co почит за која мислиме дека сме достојни, ние зовриваме и правиме планови за одмазда.
Вие добро правите што ги сузбивате тие чувства, но не е добро ни да ги оставате внатре во себе долго да се задржуваат.
Неколку денови непријателот разгорува во вас бура од планови за одмазда.
Погрижете се да дејствувате така, што ни една минуга да не пропуштате за да се приберете и да го потиснете своето „самопреценување”.
Направете си позитивен план:
1) секоја минута да очекувате некоја непријатност, и кога ќе случи да ја пречекате како очекуван гостин.
2) кога ви се прави нешто, кое би можело да ве налути и огорчи, брзо обрнете внимание кон своето срце и колку можете напрегнете се да не ви се јави тоа чувство.
Напрегнете се и молете се. Ако не дозволите да ви се појави тоа чувство, co тоа ќе биде крај, бидејќи сѐ се раѓа од чувствата.
3) He гледајте на тој што ве навредува и на неговите обиди; тука ќе најдете основа да барате освета, но најдобро е сето тоа да го исфрлите од главата.
Тоа е многу важно.
Ако го нема тоа, чувството на злоба нема да може да ве покори.
4) кај сите такви удари вие треба вака да се однесувате: задржете го љубезниот поглед, љубезниот тон на зборовите, љубезното обраќање, и главно co сите сили избегнувајте co било што да им напоменете на тие што ве навредиле за нивната неправедност кон вас. Делувајте така како од нивна страна такво нешто никогаш да
не се случило.
Сите горе наведени точки потрудете се добро да ги разгледате и да споредите секој таков случај, кога и како влијаел во текот на вашиот живот…
За потиснување на „самопреценувањето” потребно е само еднаш да се потрудите,.. a потоа веќе co него ќе биде лесно да се справите, дури може оно и сосема да замре. Тогаш и во вашата душа ќе се створи некаква основа за внатрешен мир!
„Самопреценувањето”, ако го има, тогаш тоа не е само кон луѓето, но може да биде и кон Бога,
– и лукав е тој, бесот, – и лукаво се прикрадува co умилни зборови, вовлекувајќи се во срцето…
Зафатете се co борба против него.
Вие добро правите што чувствувате вина и што ги откривате таквите чувства пред духовниот отец.
Но, по сѐ изгледа, вие тоа го правите кога ќе ви го погодат срцето co нешто или co некого; само што ни едно чувство не избива од вас само, мора самите да го покажете.
Тоа се однесува на точките за прекинување на „самопреценувањето”.
A „самопреценувањето” може да ви го усложни целиот живот и затоа треба да се потрудите и да се излечите од тоа.
„…И покрај се, трудете се, молете се, бидејќи без Господ ништо не може да направите. За жал, ние често го забораваме Оној, Кој кажал: „Без Мене не може да направите ништо” (Jов. 15, 5).