Некoj од тие што умираат велат:
“Проштевајте, браќа, проштевајте.
На далек пат појдувам, на пат, по кој никогаш не сум чекорел; одам во нова за мене земја, од која никој никогаш не се вратил, во земја непозната и не знам кој таму ќе ме пречека.
Еве појдувам, и никогаш кај вас нема да се вратам.
Тежок е за мене овој час, зашто за него не сум подготвен.
Страшна е оваа ноќ за мене; ме сечат како дрво неплодно.
Тежок е овој пат за мене, зашто немам добар придружник.
Сега гледам колку страшно сум се самоизмамувал кога сум велел:
“Млад сум јас, ќе му се насладувам на животот; таму ќе се покајам. Бог е човекољубив, ќе ми прости.
Така размислував секој ден, и лошо го живеев животот мој.
Me учеа, но јас не слушав и се подбивав.
Го слушав Светото писмо, а еве умирам како да не сум го слушал;
слушав за Страшниот суд, и шеги си правев,
за смртта слушав, и живеев како да сум бесмртен.
И еве, сега сосема неподготвен појдувам и помошник немам.
Ќе ме нападнат бесовите мене непокајаниот и не ќе имам кој да ми помогне и да ме избави.
Колкупати одлучував да се покајам, и пак продолжував да го правам лошото?
Колкупати се приближував до Бога, и пак отстапував од Hero?
Колкупати својата милост ми ја покажувал, и јас од Hero ce оддалечував и продолжував да Го огорчувам!
А сега во безнадежна состојба појдувам.
Воздивнете, браќа, и помолете се за мене. Заплачете и пролејте солзи за мене!”
– Ете, вака оние што умираат co нас разговараат, и јазикот нивни одеднаш: им се врзува, очите нивни се изменуваат, гласот пресекнува и устата занемува.
89. Когa последниот час ќе се приближи, Бог испраќа ангели да ја земат душата и да ја одведат пред Божјиот суд.
Кога ќе ги види дека му се приближуваат, тогаш кутриот човек, било да е тој цар, или властодржец или владетел на целиот свет, се збркува и како од земјотрес се исплашува, трепери како лист од ветар нишан;
се плаши како птичка во раце на ловец.
Потоа се здрвува и се избезумува, гледајќи ги страшните и грозни лица на демоните.
Гледа нешто што никогаш не го видел. Само тој сето тоа го гледа;
кон нас своето внимание веќе не го свртува.
Самиот во себе се моли колку што има сили за тоа.
Од состојбата негова заклучуваме дека гледа духовни сили, тогаш тивко еден на друг си велиме:
“Молчете и не вознемирувајте го оној што на пат далечен појдува; не збркувајте го.
Да молчиме, та co мир да појде душата негова и милост да најде кај Судијата!”