14. За време додека се исповедаш, како по твојот надворешен изглед, така и внатрешно, co твоите мисли и чувства, биди како осуден престапник, кој го наведнал своето лице кон земјата, a ако можеш, натопувај ги нозете на својот духовен отец co твоите солзи, како на Самиот Христос.
15. Бесовите обично ни внушуваат кога грешиме или сосема да не се исповедаме пред нашиот духовен отец, или, кога се исповедаме, вината за нив да ја фрламе на други луѓе.
16. He мами се co духот на вознесувањето и кажувај му ги на твојот духовен отец твоите гревови, не скривај ги; без самопосрамување неможно е да се избавиме од вечниот срам.
Откривај ја твојата рана пред лекарот и не срамувај се да му речеш:
“Оче, еве, ова е мојата рана, мојата жива рана; неа никој друг не ми ja направил, туку таа е од мојата мрзливост; никој друг не е виновен за неа, ни човек, ни дух, ни тело, ниту нешто друго, туку само jac и мојата мрзливост”.
17. Свети Јован Претеча барал исповед од оние што доаѓале кај него да се крстат; тој немал лично потреба од тоа, тој самиот го барал нивното спасение.
18. Ништо толку не им се противи на оние што се кајат како збрканоста од раздразнувањето, зашто покајанието бара големо смирение, а раздразнителноста е знак на големо воздигнување.
19. Сончевиот зрак, кога ќе навлезе во домот низ некаква пукнатина – тој осветлува сѐ што е во него, така што и најситната прашинка бива видлива; исто така, кога стравот Божји ќе дојде во човечкото срце, – тој му ги посочува сите негови гревови.
20. Како што водата ги измива буквите, така и солзите ги измиваат и очистуваат нашите гревови.
21. Како што, кога нема вода, буквите ги бришат co други средства, така и душата, која е лишена од солзи, своите гревови ги очистува и избришува co жалењето, воздивнувањата и co многуте самоосудувања.
22. Како што новата рана може брзо да биде излекувана, така, напротив, долговремените душевни рани тешко се лекуваат, макар што можат да бидат излекувани.
23. Како што оној кој го погребал својот татко се срамува веднаш потоа да појде на свадбена веселба, така неприлично е и оние што плачат за своите гревови – да бараат во овој свет удопства или чест и слава.
24. Како што живеалиштата на слободните луѓе се разликуваат од живеалиштата на осудените престапници, така и начинот на живеење на оние што плачат за своите гревови треба да биде сосема поинаков од начинот на живеење на невиновните.
25. Чувството на душата е нејзино природно својство, но гревот го задушува тоа чувство.
Сознанието предизвикува или прекратување на злото или негово намалување.
Сознанието е раѓање на совеста, а совеста е збор и изобличување на ангелот пазител, кој ни е даден на светото крштение. Затоа и забележуваме, дека оние
што не се просветени co светото крштевање не биваат толку измачувани за своите лоши дела, колку што се оние што веруваат.