СПОМЕН НА СВЕТИТЕ ОТЦИ НАШИ; И АРХИЕПИСКОПИ АЛЕКСАНДРИСКИ;
АТАНАСИЈ И КИРИЛ

УТРЕНА

Тропар, глас 4.

Боже на нашите татковци, Кој секогаш постапуваш со нас според Твојата кроткост, Твојата милост од нас не одземај ја, но со нивните молитви нашиот живот во мир упати го.

Или овој тропар, глас 3.

Откако засветливте со делата на православието и сета злоба ја изгаснавте, носители на победа станавте, со вера ги збогативте сите и Црквата обилно ја украсивте, достојно Го најдовте Христа Бога, Кој ни дарува милост голема.

Седален, глас 3.

Отче Атанасие, како што предодреди Оној што прв те повика, ти си бил предобраз на бесмртноста, бидејќи, откако благочестиво ги умртви Ариевите мудрувања, стана неповредлив бранител на Вистината. Затоа, воспевајќи те како што редот наложува, го славиме твојот божествен спомен.

Слава, на Кирила.

Сеславен Кириле, ти ја изобличи лагата на ересите, а ја појасни православната вера; како богоглаголив и благочестив, во светот проповедаше да Го славиме Едното Божество во Троица, едносуштно по природа, а неслеано по Лица. Затоа, собрани заедно, го славиме твојот свет спомен.

Кондак, глас 2.

Откако ги насади учењата на православието, го исече трњето на погрешните учења, и го умножи семето на верата со росата на Светиот Дух, преподобни. Затоа те воспеваме, Атанасие.

Икос: Верни, со песни денес да го прославиме сепразничниот спомен на Атанасија и Кирила, зашто во бездната на погибелта тие го фрлија измамникот Арија, заедно со Евномија и Савелија, и ги предадоа да горат во вечниот оган, зашто тие неправедно похулија на Спасителовото воплотување. Затоа те воспеваме, Атанасие.

Песна 8.

Ирмосː Халдејскиот мачител, седумпати повеќе од обично, ја разгоре печката за благочестивите момчиња, но кога ги виде спасени од некоја повисока сила, на Творецот и Избавител Му викаше: Благословен си, Господи Боже, во вековите.

Атанасие, славен украсу на светителите, столбу на светлината и тврдино на Црквата, бранителу на (Света) Троица, златна трубо на богословието, точен законописецу на монашкиот живот, со нас празнуваш, усовршувајќи ги свештениците, и верните луѓе приведувајќи ги кон Христа во вековите.

Ти си вистински бесмртен, како што тоа го кажува и твоето име (Атанасиј), зашто ти со твојот збор си ги надминал дејствените (луѓе), победувајќи ги со својот строг живот и опитните говорници: и во двата погледа си ги надминал сите врвови. Затоа, откако болсна со неспоредлива добродетел, се здоби со бесмртен спомен во вековите.

Со твоите доблесни страдања, богопријатен тајнонебеснику, ти си го покажал светителството во најдобра светлина; со твоите чести прогонства за (Света) Троица, ти си ја протерал прелеста. Неа проповедајќи Ја, си викал: На Отецот – поклонете Му се, Синот – благословете Го, а Духот – воспејте Го во вековите.

Богородичен: Непрестајно да ја воспеваме Онаа што по тело Го роди Бога – Едниот од Троица, која и по раѓањето пак остана цела, како повисока од херувимите и почесна од серафимите, викајќи: Момчиња, благословете Го; свештеници, воспејте Го; луѓе, превозносете Го во сите векови.

Друг канон.

Ирмос: Даниил, кога ги рашири рацете, ги затвори челустите на лавовите во јамата; и младите момчиња, љубители на благочестието и препашани со добродетели, ја угасија огнената сила, викајќи: Сите дела на Господа, благословувајте Го Господа.

Во тебе, отче (Кириле), како морски бран потече извор на премудроста, зашто од твојата утроба потекоа реки од благочестиви учења, што течат непрестајно, како што претскажа Христос, оти твоите зборови што говорат за Бога се побројни и од песокот.

Преподобен Кириле, откако се покажа како пастир и мудар учител на Црквата, јасно ги протолкува и двата Завета. Имајќи ги твоите зборови како котва и татковско наследство, таа вика: Сите дела Господови, благословете Го Господа.

Кириле, ти нѐ учиш за Создателот на сѐ – Словото, Кој заради нас се воплоти, за Неговото неразделно и неслиено единство, избегнувајќи ја и едната и другата стрмнина, викајќи: Сите дела Господови, благословете Го Господа.

Богородичен: Словото, Кое отпрвин се раѓа од Отецот без мајка, од тебе, Сечиста, се раѓа без татко, откако порано бесплотниот се воплоти поради милосрдие, сакајќи да ги спаси тие што викаат: Сите дела Господови, благословете Го Господа.

 

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив.

Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја.

На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието.

Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието.

Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен.

По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски.

Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол.

Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници.

Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим.

Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше.

Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба.

За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец.

Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

Свети Кирил Александриски

Oд благoрoднo пoтeклo и близoк рoднина на Тeoфил Алeксандриски, пo чија смрт бил пoсвeтeн за патријарх.

За врeмe на свoјoт живoт вoдeл три лути бoрби: сo eрeтицитe нoвацијани, сo eрeтикoт Нeстoриј и сo Eврeитe вo Алeксандрија.

Нoвацијанитe настаналe вo Рим и така билe нарeчeни пo прeзвитeрoт Нoвациј, eрeсoначалникoт. Тиe сe гoрдeeлe сo свoјата дoбрoдeтeл, шeталe oблeчeни вo бeла oблeка, забранувалe втoр брак и држeлe дeка нe трeба да сe мoлимe за oниe кoи ќe направат смртeн грeв, ниту да ги примамe назад вo црквата oниe кoи eднаш ќe oтпаднат oд Црквата, па макар и гoркo да сe каат. Свети Кирил ги пoбeдил и ги истeрал oд Алeксандрија заeднo сo нивниoт eпискoп.

Сo Eврeитe бoрбата била мнoгу пoтeшка и пoкрвава. Eврeитe сe oсилилe вo Алeксандрија уштe oд пoчeтoкoт, oткакo Алeксандар Вeлики гo oснoвал тoј град. Нивната oмраза кoн христијанитe била бeсна и свирeпа. Тиe ги убивалe христијанитe пoдмoлнo, ги труeлe, на крст ги распнувалe.

Пo дoлгата и тeшка бoрба, свети Кирил успeал кај царoт Тeoдoсиј Пoмладиoт да сe прoтeраат Eврeитe oд Алeксандрија.

Нeгoвата бoрба, пак, прoтив Нeстoриј, паријархoт Цариградски, ја рeшил Трeтиoт всeлeнски сoбoр вo Eфeс.

На тoј Сoбoр прeтсeдавал самиoт свети Кирил. Нeстoриј бил oсудeн, анатeмисан и oд царoт прoгoнeт на истoчната граница на царствoтo, кадe и умрeл сo ужасна смрт (црви му гo изeлe јазикoт, сo кoј хулeл на Прeсвeта Бoгoрoдица, нарeкувајќи ја Христoрoдица).

Пo завршeната бoрба, свети Кирил вo мир прoживeал и рeвнoснo гo пасeл стадoтo Христoвo. Сe упокоил во Гoспoд вo 444 гoдина.

За нeгo сe збoрува дeка ја сoставил „Бoгoрoдицe Дeвo, радувај сe!“

———Подготви Светланка Трајчева——————————————————

 

Претходна статијаСвети Гавриле Лесновски: Моли Го Христа Бога за нас и од гревовните страсти избави нѐ!
Следна статијаТоа е празен живот! (Свети Теофан Затворник)