НЕДЕЛА ОСМА ПО ДУХОВДЕН
Евангелие за умножување на лебот во пустината
Maтеј 14, 14-22; Зач. 58
Севишниот Бог сѐ што создава, целисходно го создава. Во неговите дела нема ништо бесцелно, непотребно и излишно.
Зошто некои луѓе така бесцелно одат и толку бесцелни работи прават?
Затоа што не ја знаат целта на својот живот, ни целта на своето патување.
Зошто многу луѓе се претоваруваат co непотребни грижи и одвај се движат под товарот на непотребните работи?
Затоа што не го знаат она што единствено е потребно.
За да го собере расеаниот човечки ум, и да го исцели расцепеното човечко срце, и да ја обедини раслоената сила човечка, Господ Исус Христос од почетокот до крајот на својата земна мисија укажувал на единствената цел: царството Божјо.
Ах, како што шашлив човек, гледајќи на две страни, не гледа ни една, така е бесцелен животот на многуцелниот ум!
Колку нечувствително е поделеното срце!
Колку бессилна е силата на расеаната волја!
Само едно е потребно – царството Божјо!
Во таа единствена точка Христос чудотворецот сакал да ги насочи погледите на целото човештво. Кој гледа во таа единствена точка, тој има само една мисла – Бог, едно чувство – љубов, една желба доближување до Бога. Блажен е оној што така самиот се собра, TOJ станува сличен на стаклената леќа која ги собира сончеви зраци така што може да произведе оган.
Зборовите што и ги кажа Господ на Марта:
“Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи, но само едно е потребно” (Лука 10, 41-42), всушност се изговорени како
укор за целокупното човештво.
А тоа едно што е потребно, тоа е царството Божјо (Мат. 6, 33).
Сѐ што рекол Господ и сѐ што правел, насочено е кон таа единствена точка, кон таа единствена цел.
Bo таа единствена точка собран е сиот пламен кој им свети на сите патници заскитани по долините и вителите на времениот живот.
Кај Господа сѐ е целисходно, односно, се е насочено кон оваа највисока, едина и единствена цел – сѐ е умесно и сѐ е неопходно потребно, како изговорените зборови така и сторените дела.
Ни еден збор не е одвишен, никогаш ни едно дело нецелисходно!
И ете, колкави се плодовите од Неговите зборови и дела! До ден денешен, по милион пати, секој негов збор и секое негово дело донесува безброј плодови.
И колку е сладок и миризлив тој животворен плод!
Зошто Господ Исус Христос не ги претвори камењата во леб тогаш кога сатаната тоа од Hero го бараше, туку подоцна, на два пати, кога околу Hero народот беше гладен и кога од малку леб направил огромни количини, така што преостанало повеќе отколку што -имало пред јадењето?
Затоа што првото чудо би било нецелисходно, непотребно и одвишно, додека второто беше целисходно, потребно и умесно.
Зошто Господ Исус Христос не сакал на фарисеите да им покаже знак од небото, кога тие го бараа тоа од Hero, a во други безбројни прилики ги покажувал тие знаци од небото, тие невидени чуда над болните, безумните, плашливите, мртвите?
Повторно затоа што пред завидливите и суетните фарисеи секој знак од небото би бил нецелисходен, непотребен и одвишен, додека во другите случаи тоа било целисходно, потребно и умесно.
Зошто Господ Исус не ги преместувал планините од едно место на друго, зошто не ги фрлал во морето?
Тој тоа го можел без никакво сомнение, па зошто не го направил?
Тој, кој можел да му заповеда на вознемиреното море да стивне и на ветровите да не дуваат, без никакво сомнение Тој можел и планини да преместува и да ги фрла во море.
Но каква потреба имало за тоа? Никаква. Затоа Господ тоа не го правел.
Меѓутоа, голема била потребата морето да стивне и ветровите да стивнат, оти луѓето се давеа и викаа за помош.
Зошто Господ Исус земјата не ја претворал во злато и гаврани во гулаби? Кога можел водата да ја претвори во вино, без никакво сомнение можел и тоа.
Но зошто? Никогаш немало никаква потреба тој земјата да ја претвори во злато и гавраните во гулаби.
Меѓутоа, имало голема потреба, еднаш на една свадба, да се најде вино за гостите. И за да се задоволи таа потреба и да се спаси домаќинот од срам, Господ ја претвори водата во вино.
Само демоните и грешниците од Христа Господа бараа бесцелни, непотребни и одвишни чуда.
Погледнете само какви глупости бара сатаната од Христа:
да ги претвори пустинските камења во леб, да скокне на земја од врвот на храмот!
И погледнете како закоравените грешници, фарисеите и книжниците, кои беа лични сведоци на многу полезни Христови чуда, бараат од Heго уште некаков знак, некакво бесцелно и одвишно чудо, како што било:
фрлањето на планините во море, претворањето на земјата во злато и гавраните во гулаби!
Затоа Господ го отфрлил барањето како на ѓаволите така и на грешниците. Но никогаш Тој не одбил да направи чудо кога тоа било целисходно и потребно за спасение на луѓето.
И денешното евангелие опишува едно такво целисходно и потребно чудо:
намножување на лебовите во пустината, но не во пустина без луѓе или пак во пустина каде што е само ѓаволот, туку во пустина каде што имало преку десет илјади гладни луѓе (оти се вели дека имало пет илјади луѓе, освен жените и децата).
Пренесено од книгата “Омилии”
м. Даниловска