Спаси ги, Господи, луѓето Твои и благослови го Твоето наследство, победи на благоверниот народ наш над непријателите давајќи му, и со крстот Твој пазејќи го Твоето население.
Седален, глас 6.
Крстот Твој, Господи, се освети, бидејќи од него се случуваат исцеленија на тие што се болни од гревови. Поради него и ние Ти се поклонуваме, помилуј нѐ.
Кондак, глас 4.
Ти, Кој доброволно на Крстот се искачи, на Твојот нов народ што го носи Твоето име, дарувај му ги Твоите добрини;
дај му сила на Твојот народ набожен, давајќи му победа над непријателите, имајќи го на помош твоето оружје на мирот, непобедливата победа.
Икос: Оној што беше издигнат до третото небо, во Рајот, и слушна неискажливи и божествени зборови што нашиот јазик не може да ги искаже, им го пишува на Галатјаните тоа што и самите го знаете, како познавачи на Светото писмо, во кое читаме:
„ Што се однесува до мене, нема со што да се фалам, освен со Крстот на кој Господ, со своите страдања, ги уништи страстите“.
Што се однесува до нас, цврсто да ја држиме нашата слава – Крстот на Господа, бидејќи ова дрво, кое носи спасение, за нас е оружје на мирот, непобедлива победа.
Светилен.
Крстот е чувар на сета вселена, Крстот е красота на Црквата, Крстот е сила на царевите, Крстот е поткрепа на верните, Крстот е слава на ангелите и рана за демоните.
Овој празник е востановен договорно од Грците и Русите за време на грчкиот цар Мануил и рускиот кнез Андреј во спомен на истовремената победа, и тоа: на Русите над Бугарите, а на Грците над Сарацените.
Во обете војни во војските се носени крстови од кои заблескале небесни лачи.
Затоа беше востановено на 1 август да се изнесува Крстот од Света Софија, најпрво на средината на црквата, а потоа и на улиците, заради поклонение на народот и заради споменот на чудотворната помош на крстот во претходните војни.
Ова не беше некој обичен крст туку вистинскиот Чесен Крст, којшто се чуваше во храмот на царскиот дворец.
На 31 јули Чесниот Крст е пренесуван од царскиот дворец во Света Софија, а оттаму потоа носен по улиците заради осветување на земјата и воздухот.
Најпосле, на 14 август, беше повторно вратен во храмот на царскиот дворец.