Свети Нектариј Егински
ЗА ГРЕВОТ

Гревот е големо зло што ја труе душата, уфрлува во неа болести, a за крај на душата ѝ подготвува смрт.

Како што болестите го уништуваат телото и го усмртуваат така и гревовите и прават на душата.

Болната душа, оптоварена од страстите, папсува и не може во целост да се вивне кон Небото и нема сили да го подигне погледот кон светлината на вистината.

Види што вели Св. Јован
Златоуст за болната состојба на душата заради гревот:

„Токму како што оние што боледуваат на очите се тргаат од светлината на сонцето, бидејќи очите им се слаби, и како што болните се свртуваат од најздравите мегу стихиите така и оние на коишто им боледува душата, бидејќи им е одземено духовното око, немаат сила да го вперат погледот кон светлината на вистината.

Затоа и свињите гледаат долу и се свиваат кон стомакот и во калта се валкаат, валкајќи се себеси во страшната кал и не чувствувајќи го тоа” (том 12, стр. 125).

И Климент Александриски вели:

„Се плашиме од болестите, не од оние надвор туку од гревот преку којшто болеста и доаѓа”.

Право вели и псалмопеецот:

„Од многуте мои гревови ми ослабе телото, ми ослабе и душата”.

Исто така и Св. Василиј го отсликува гревот како душевно заболување, говорејќи:

„Негувањето им го менува квалитетот на билките, a грижата на душата за добродетелта може да ја победи секоја болест”.

Но и Господ ги смета грешните за болни, та затоа и говори:

„Здравите немаат нужда од лекар, а болните” (Мат. 9,12).

Болеста на душата е многу потешка и

поопасна од болеста на телото.

Последната, имено, му донесува смрт на смртното тело, а првата смрт на бесмртната душа.

„Плата за гревот е смртта”, вели апостол Павле.

И поголема е од телесната смрт затоа што одвојува од Бога.

Смртта на душата е одвоеност од Бога.

Таа се одвојува од Бога затоа што, како што вели Евангелистот Јован:

Кој прави грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот (1 Јов. 3,

„Што заедничко има меѓу светлината и темнината?” (2 Кор. 6,14)

Св. Јован Златоуст вели дека до гревот се доаѓа при отсуство на страв Божји и дека тој одведува во адската бездна. Тој ни советува да се тргаме од гревот, говорејќи:

„Одбегнувај го гревот; да се греши е човечки, но да се останува во гревот не е човечки туку е од нечестивиот”.

За тоа дека уживањето во гревот е минливо и за тоа дека по гревот доаѓа жалоста, вели:

„Таков е гревот, пред да се изврши го опива несреќникот, а откако ќе се исполни и изврши тогаш стивнува и се гаси страста, а чистата совест стои и слично на крвник го мачи грешникот барајќи најтешка казна и притискајќи потешко и од најтешкото олово”.

И на друго место:

“Ништо не е така тешко и несносно како како што е природата на гревот.

Ништо не ни задава такви маки како состојбата на злото и гревот”.

Затоа, на оние што живеат во грев, Христос им зборувал:

Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. Зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно (Мат. 11, 28).

За ова и еден друг Отец вели:

„Што е потешко и поштетно од гревот, а и обратно, што е полесно и покорисно од добродетелта?

Имено, гревот, како што е напишано во Мудрите Соломонови изреки, многумина ранува и ги обременува co товар и секого го стегаат веригите на сопствените гревови.

Оние, пак, што ja усвојуваат добродетелта, таа ги оживува и ги воздига во висините, според зборовите Соломонови: таа им е дрво на животот на сите коишто за неа се држат.”

Гревот ја нарушува Божествената убавина на иконата и на душата и на телото и ја нагрдува и грози затоа што, како што вели Св. Василиј Велики:

„Како што сенките ги следат своите тела така и гревовите ja следат душата, јасно одразувајќи какви ѝ се делата.

Гревот го оддалечува ангелот чувар на душата и телото, и ги предава душата и телото на тиранијата на нечестивиот затоа што, како што повторно вели Св. Василиј:

„Како што чадот ги брка пчелите и смрдеата ги изгонува гулабиците така и ангелот, чуварот на нашиот живот, го оддалечува смрдежниот и за многу солзи достоен грев.”

Гревот ослободува од секое стеснување и од оние што грешат прави бесрамници заради затемнетоста на нивниот ум.

За бесрамноста што доаѓа од гревот Св. Јован Златоуст вели:

„Додека гревот се раѓа сѐ уште постои извесен срам, но кога ќе се изврши тогаш од оние што го творат прави бесрамници.”

„Гревот, вели еден Отец, станал причина за отпаѓањето од Бога, a смирението е средство за враќање кон Бога. Смирението воздигнува и вознесува, додека гревот понижува и урива.

Смирението одведува до небесата, а гревот во длабочините на адот”.

И уште: „Ако гревот е добар, чувај го до крајот.

А ако ти штети тебе којшто го правиш, зошто истрајуваш во погубното?

Никој што сака да ја исплука жолчката од лошото и незауздано јадење, не ja умножува co додатно јадење”.

И Св. Марко:

„Гревот е жив оган и колку повеќе ќе се приближиш толку повеќе те изгорува. Гревот е како пречка којашто спречува во нас да се појави благонаклонста кон Бога”.

„Платата за гревот се геенските маки и жалости. Затоа одбегнувај го гревот како погледот на змијата; ако му пристапиш, ќе те зграби. Забите на гревот се лавовски заби што ги погубуваат човечките души.”

Св. Јован Златоуст за гревот вели дека е нечистотија на душата:

„Оти подобро е co кал да се извалкаш отколку co гревови. Како што црвот од дрвото се раѓа и го изедува дрвото и како што молецот ja изедува волната од којашто се испилил така и тагата и смртта се родиле од гревот и го погубиле гревот”. И уште: “Гревот е двоостар меч.

 

Претходна статијаЧовекот е создаден како добар според ликот на Бога! (Нектариј Егински)
Следна статијаКоја е причината заради којашто човекот греши…