Дома Свети Отци ХРАНА ОД ТУЃИТЕ ГРЕВОВИ Свети Отци ХРАНА ОД ТУЃИТЕ ГРЕВОВИ 29/06/2021 349 0 Прочитајте неопходна храна како лек за – ХРАНА ОД ТУЃИТЕ ГРЕВОВИ Клеветникот кој го осудува својот брат, оној кој шири сплетки, не може духовно да се подигне на Небо, не може да општи со Бога. Дури и во Црквата тие луѓе бараат сплетки, новости, се слични на змија која доползила во прекрасна цветна градина.. Многумина од нас, во најсветите минути на Литургијата, покрај своите уши го слушаат ласкавиот глас на тие луѓе: „ Знаете што стана?! Само, меѓу нас да остане….само вам ќе ви кажам…“, итн. Тие луѓе се хранат со смрдеата на туѓите гревови, како црвјето со прав и нечистотија. Тие се преставуваат како борци за правда, а во суштина уживаат во тајно сладострастие од учеството во слични разговори. Зошто? Зашто срцата им се валкани и развратни. Вистински целомудрен човек, не само што нема да посака да зборува, туку ниту ќе сака да слуша нешто лошо за ближниот. Пресвета Богородица, пред Својот блажен крај Го молела Својот Син за едно – да ја избави од гнасниот и бесрамен изглед на демоните – клеветници. Браќа и сестри, како да постапуваме кога ни доаѓаат такви луѓе? Пророк Давид, директно одговорил: „Оној што тајно го клевети ближниот свој, го изгонувам“ (Псалм 100, 5) Но што да правиме кога ни недостига Дух така да постапиме? Тогаш, на таквиот човек треба да му кажеме: „ Тоа што го зборуваш за другиот се однесува на мене, и јас сум виновен за такви гревови, можеби си ги прочитал во мојата душа? Јас сум таков каков што кажуваш“! И тогаш, вашите смирени зборови, веднаш ќе му ја затворат устата. Или кажете поинаку: „Негодуваш за тоа дека твојот брат направил грев, ајде да станеме на молитва и да се помолиме за братот“. Но, тој човек, не негодува, туку му е мило дека другите се грешни и затоа тој нема да стане за никого да се моли, туку веднаш ќе одговори: „Немам кога“. – и ќе побегне од тебе, а потоа нема ни да се приближи таму каде што се наоѓаш ти. Страшен е гревот на осудувањето. Некој монах, му кажал на преподобниот Пимен: „Треба да си заминам од Манастирот, зашто е полн со соблазни“. Ава Пимен го прашал: „Си ги видел“? Тој одговорил: „Не, но еден брат ми раскажа за тоа“. Авата рекол: „Лаже твојот брат“. Овој возвратил: „Тој е чесен човек“! Но преподобниот не се согласил „Чесниот човек никогаш не би се согласил да ти ги пренесува гревовите на другите луѓе“. И додал: „Дури и на нашите очи не треба да им веруваме, ако тие гледаат зло“.. . Пренесено од книгата „Патот на Христијанинот од Арх. Рафаил Карелин (страница 99, 100, 101) Подготви м.д. ПОВРЗАНИ ВЕСТИПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ Свети Отци Слово на авва Амон за оние кои сакаат да безмолвуваат! Свети Отци ПОКАЈАНИЕ Свети Отци За честото причестувањето со Светите Христови Тајни! Свети Отци БИДЕТЕ СВЕТИ, ЗАШТО ЈАС СУМ СВЕТ (Што е христијанин?) Свети Отци „Зошто тебе да те гонат, кога ти самиот себеси се гониш?” Свети Отци Свети Теофан Затворник – ЗА САМОПРЕЦЕНУВАЊЕТО Свети Отци Нема што са се мери ! (Св. Теофан Затворник) Свети Отци Внимавај! Како молитвата да биде услишана од Бог…(Св. Игнатиј Брјанчанинов) Свети Отци Противење на демоните – Свети Игнатиј Брјанчанинов Свети Отци ЧОВЕК – He e човекот на земјата за игра! Свети Отци ЧОВЕКОУГОДУВАЊЕ – Свети Игнатиј Брјанчанинов Свети Отци EPEC- грев на умот, грев на духот! (Свети Игнатиј Брјанчанинов) Continue to the category ОД УМОТ ДО СРЦЕТО Мирјана Даниловска – Мина (автобиографска исповед... Покајание - 22/07/2018 0 НОВ ЗАВЕТ Покајание - 13/03/2022 0 АКАТИСТ КОН ПРЕСЛАТКИОТ ГОСПОД НАШ ИСУС ХРИСТОС! (Исусе, Сине... Покајание - 06/07/2018 0 АКАТИСТ НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА – „БРЗОПОСЛУШНИЧКА“ Покајание - 07/04/2021 0 Покајание Светите рамноапостолни Кирил и Методиј – проповедници на благочестието… Покајание - 18/05/2022 0 Петта недела по Пасха – на Самрјанката Покајание - 05/05/2022 0 Шестта недела по Пасха – на слепиот Покајание - 02/05/2022 0