Утрената на Велика сабота обично се служи во петок навечер. Таа започнува со пеење на Бог Господ…, тропарот Благообразниот Јосиф… и следните тропари:
Кога слезе во смртта, Животебесмртен, тогаш го умртви адот со блескавоста на Божеството, а кога мртвите ги подигна од подземјето, сите небески сили кликаа:
Христе Боже наш, којшто даваш живот, слава Ти.
На жените мироносици кај гробот им се појави ангел и гласно им рече:
Мирото им приличи на умрените, а пропадливоста е туѓа на Христа.
Потоа се пее 118. псалм со рефрени или стихови од новозаветните песнопеења, наречени непорочни.
Ние веќе напоменавме дека овој псалм се јавува како усмена икона на Исуса Христа, како Праведник, Чиј живот се наоѓа во Божјите раце и Кој поради тоа не може да остане мртов.
А непорочните го прославуваат Христа Бога, како Воскресние и Живот и се восхитуваат на Неговото смирено слегување во смртта.
Во Него се слеваат во едно, совршената човечка љубов кон Бога и совршената љубов на Бога кон човекот.
И токму оваа божествено-човечка љубов ние јасно ја гледаме и славиме покрај гробот на Спасителот…
Постепено непорочните стануваат се пократки и се усмеруваат на крајната Господова победа, и така доаѓаат до потполниот свој крај:
Жеден сум за Твоето спасение, Господи, и Твојот закон е моја утеха.(Пс. 118, 174).
Умовите се ужаснуваат од Твоето необично и страшно погребение, Создателу на се’. Нека живее мојата душа и Тебе нека Те фали, и судовите Твои нека ми помогнат (Пс. 118, 175).
Мироносиците многу рано дојдоа и го помазаа гробот со миро.
Залутав како овца загубена: побарај го својот слуга; зашто заповедите Твои не ги заборавив (Пс. 118, 176). Дарувај, мир на Твојата Црква, спасение на својот народ, со своето воскресение.
По прославувањето на св. Троица, храмот се осветлува и се прогласува веста за жените-мироносци, дојдени при гробот. Во ова време свештеникот врши кадење. Така, за прв пат јасно се прогласува благата вест на нашето спасение во Христовото воскресување.
Песнопеењето на утринскиот канон продолжува да го слави Него, Кој со Својата смрт ја победи смртта.
Тука, исто така, по прв пат, се зборува дека оваа сабота навистина е најблагословен седми ден, кога и да бил.
Овој ден кога Хрнстос помииува од Својот труд, по обновувањето иа светот. Тоа е ден кога Словото Божјо преку кое се почнало да постои, лежи во гроб како мртов Човек. но во исто време спасувајќи го светот и отворајќи ги гробниците.
Оваа сабота е преблагословена, во неа Христос почина и ќе воскресне во третиот ден (завршен стих на кондакот и икосот).
И повторно канонот завршува со споменување па крајната Христова победа:
Не плачи мајко моја, гледајќи го Синот што бессемено во утробата си го зачнала, зашто ќе воскреснам и ќе бидам прославен, и како Бог ќе ги воздигнам во слава оние што во вера и љубов тебе те величаат.
Додека се пеат следните стихири. свештеникот се облекува во темни одежди и иа почеток на великото славословие, уште еднаш го кади гробот на Спасителот.
Потоа, повторувајќи ја Трнсветата песна, го зема Евангелието и Христовата плаштанпца и носејќи ги над глава започнува литија околу храмот.
Народот го последува со запалени свеќи. Свечената поворка бавно обиколува околу храмот, сведочејќи дека целата вселена е очистена, ослободена и обновена со влегувањето на животот на светот во смртта.
Кога народот повторно влегува во храмот, хорот уште еднаш ги пее тропарите и се чита пророчеството на Езекија за сувите коски:
… Јас ќе ги отворам вашите гробови, и ќе ве извадам од вашите гробови, мој народе, и ќе го вложам во вас Духот Мој, и ќе ожнеете … (Езек. 37, 1-14)
Победните строфи на псалмите, кои го повикуваат Бога да стане, да ги подигне Своите раце и да ги израдува праведните, а исто така многукратното пеење Алилуја, го придружува Посланието на ап. Павле кон Коринтјаните: Пасхата наша е Христос, што се жртвува за нас.
Евангелието за запечатување на гробот се чита уште еднаш и по ектенијата и благословот, Утрената завршува.
Службите на Великата Сабота се јавуваат како ремек-дело на православната литургиска традиција. Тие не се драматизирано оживување на Христовата историска смрт и погребение.
Ниту е тоа некое обредно прикажување на сцени од Евангелието.
Тоа всушност е најдлабоко духовно и литургиско понирање во вечното значење на Христовото спасоносно делување, веќе видено и прославено со полното познавање на Неговото божествено значење и сила.
Црквата не се преправа дека не е познато за понатамошните настани. Таа не тагува и не плачи по Господа, знаејќи дека и самата е родена од Неговото прободено ребро и од длабочината на Неговиот гроб, и јасно ја гледа и ја прогласува победата и воскреснувањето на Христа во текот на сите овие служби.
И само во светлината на победното воскресение може вистински да се сфати, да се оцени и да се прослави длабокото божествено и вечмо значење на Христовите страданија и смрт.
Вечерната на Великата Сабота се служи заедно со Литургијата на св. Василиј Велики. Оваа служба веќе припаѓа кон Пасхалпата недела.
Таа почнува на обичен начин, со вечерниот псалм, ектенијата, песнопеењата, кои следуваат по 140. псалм и входот со пеење на вечерната песна Свете тихн.
Свештеникот не служи пред престолот во олтарот, туку стоејќи пред Плаштаницата, во средината на храмот.
По вечерниот Вход којшто се извршува со Евангелието, се читаат петнаесет делови од Стариот Завет.
Во сите нив се говори за творечкото дело и Божјото спасение на светот, кое е извршено со доаѓањето на ветениот Месија.
Покрај читањата за создавањето на светот од Книгата на Битието и на Излегувањето на Евреите од Египет од Книгата за Постанокот, се читаат и извадоци од пророштвата на Исаија, Езекил, Еремија, Данаил, Софронија и Јона, а исто така и од Книгите на Исус Навин и Царството, на два пати преплетувани со песни на Мојсеј и трите Вавилонски младичи.
Наместо Трисвјатое, се пее кршталниот стих од посланието на апостолот Павле до Галатјаните:
Сите кои што во Христа се крстивте, во Христа се облековте. Алилуја.
Апостолот на Велика Сабота е истиот што се чита на крштавањето:
Зашто ако постанавме соединети со обликот на неговата смрт, значи и со Неговото воскресение (Рим. 6, 5).
Потоа Царските врати се затвораат и свештениците со послугата ги менуваат своите темни, страсни облеченија, со бели велигденски, тогаш се менува и завесата на Царските врати, и сите прекривачи (на престолот, жртвеникот, и т.н.).
Овие промени и преоблечувања што го симболизираат Христовиот триумф над гревот, ѓаволот и смртта, се случуваат за време пеењето на стихири од 82. псалм:
Стани Господи, суди на земјата; зашто по наследство Твои се сите народи.
По свеченото пеење на стихирите кон кои често се додава песнопеење кое го прославува Христа како Нов Велигден, закланата Жива Жртва, Божјиот Агнец, кој ги прима гревовите на светот, свештеникот излегува од олтарот и над гробот ја објавува радосната вест на Христовата победа над смртта и Неговата заповед кон апостолите:
…Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал… (Мт. 28,16-20).
Божествената Литургија продолжува во победничкиот сјај на Христовото уништување на смртта. Следната песна ја заменува Херувимката.
Нека замолчи секое човечко тело, и нека стои со страв и трепет, и ништо земно нека не помислува во себе си; зашто Царот над царевите и Господ над господарите доаѓа да биде заклан и да се даде Себе си како храна на верните; а пред Него одат хорови на Ангели со сите Началства и Власти, многуоки Херувими и шестокрили Серафими, затскривајќи ги лицата и извикувајќи ја песната: Алилуја.
Место песната за Богородица Достојно е, се пее 9. песна од канонот на Утрена Не ридај за мене, Мајко… Како причесен стих на Великата Сабота служат строфите од 77. псалм:
Како од сон Господ станал, и воскресна спасувајќи не`.
Божествената Литургија завршува со причестување со Тој, Кој во човечкото тело лежи мртов, и во исто време заседава на Престолот од десната страна на Отецот;
со Тој, Кој јавувајќи се како Творец на животот во светот, ја уништува смртта со Својата животворна смрт.
Неговиот гроб, кој и натаму стои во центарот на храмот, во Литургијата се нарекува извор на нашето воскресение.
Првобитно, Литургијата на Велика сабота била велигденска крстителна Литургија, но и сега таа останува за секој христијанин како негово лично умирање и воскреснување со Господа, што се повторува секоја година.
Ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него. Знаејќи дека Христос, станувајќи од мртвите, повеќе не умира; смртта по-веќе нема власт над него (Рим. 6, 8-9).
Христос лежи мртов, но Тој е жив.
Тој веќе со смрт ја уништи смртта и на сите во гробовите им дарува живот .
И нам веќе ништо не ни останува освен да ја проживееме Благословената Сабота до крај, до тој полноќен час, кога ќе чукне почетокот на Денот Господов и ќе дојде таа ноќ.
Ноќ, полна со светло, ноќ, во која ние ќе речеме заедно со Ангелот:
Тој воскресна, не е овде, еве го местото каде што го положија (Мк. 16,6)