ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!!

Старец Софрониј

83.

Кога ги гледаме страданијата на милиони човечки битија, не можеме да останеме бесчувствителни.

На кој начин можеме да им помогнеме?

Според христијанскиот поглед на светот, оваа трагедија на земјата е последица на непослушанието.

Адам ја побара
Божествената состојба, вечниот живот, прекинувајќи ја врската co својот Отец и Создател. Христос – Човекот, прв во историјата на човештвото се искачи на Голгота; ја избра најмачната смрт, за да го избрише ова проклетство.

Да се реши некој да Го следи Христа, значи да се изложи себеси на страданија. Тоа е неизбежно!

Претпоставувајќи дека сме една клетка во големото тело на човештвото, од почетокот на создавањето на светот, и доколку животот на светот поминува во нас, ja живееме трагедијата на човештвото како наша трагедија.

84.

Читајќи го Евангелието, нѐ зачудуваат реакциите на Христа за сѐ што се случува околу Hero. Bo моментот кога Јуда оди да Го предаде, Тој вели:

Сега се прослави Синот Човечки.

Во секоја Литургија го славиме токму овој момент, го повторуваме во нашата свест.

Ако непријателот нѐ зароби, за да нѐ убие, ќе бидеме ли и ние способни да кажеме: Сега и јас се прославувам и Бог се прославува низ мене! Сите го познавате ова собитие. Тоа е содржина на секојдневниот наш живот.

85.

Постојат многу чувствителни и интересни страни во нашиот живот.

Можеме, се разбира, да се лишиме од нив, ако се запреме на надворешните тешкотии.

За да го промениме нашиот живот потребен ни е подвиг; потребно е да научиме да го пренасочуваме нашиот дух од општите и страсни работи кон Бога.

Така, нашиот живот може да стане многу интересен, макар и секогашш да е поврзан co некоја мачна усилба.

Оваа болка не треба да се обидувате да ја избегнете! Живејте ја!

Токму co неа се изразува нашиот копнеж да Го следиме Христа.

86.

Многу е тешко да изразиме што значи

“земете го вашиот крст и следете Ме”!

Кога Го претпочитаме Христа, треба да имаме на ум дека станува збор за љубовта на Отецот, за љубовта на Христа, за љубовта на Светиот Дух во овој свет што страда.

87.

“Ако не постои воскресение, тогаш христијаните се најбедните на светот”, вели Апостол Павле.

Зошто?

Затоа што љубовта Христова во овој свет е секогаш распната. Нашиот живот ќе биде едно непрестајно страдание, сѐ додека светот целосно не се спаси.

89.

Еднаш еден поклоник на Света Гора им го поставил на мнозина старци прашањето:

“Што е најзначајно во нашиот живот?”

Сите му одговорија: “Најзначајна е љубовта Божја, да Го љубиш Бога и својот ближен!”

Тој си помисли:

„Немам љубов ниту за молитва/ниту за Бога, ниту за другите! Што да правам?”

И подоцна самиот реши: ќе дејствувам како да ја имам оваа љубов. Триесет години подоцна Светиот Дух му ја даде благодатта на љубовта.

Претходна статијаВЕЛИКА САБОТА – Христос лежи мртов, но Тој е жив!
Следна статијаХРИСТОС ВОСКРЕСНА!!! Пасха, Господова Пасха! Препод. Амвросиј Оптински