Красноречието на боговдахновените пророчки кажувања, сега гледаме како во Тебе се остварува, Богородице, зашто навистина Бога си ни Го родила во плот.
Затоа верувајќи во таинството на Божјиот збор, повикуваме:
Радувај се, зашто си исполнување на законот и пророците;
Радувај се, ѕвездо Jаковова, пророкувана од Валаам.
Радувај се, одару на великиот Цар, претскажан од Соломона;
Радувај се, руно оросено од Исуса, навестено од Гедеон.
Радувај се, неопална капино, предвидена од законоположникот;
Радувај се, горо света, пазена од светиот.
Радувај се, небесна лествицо, предвидена од Јакова;
Радувај се, порто непроодна, провидена од Језекиила.
Радувај се, сонце на домот Христов, најавено од псалмопеачот;
Радувај се, таинство, различно проречено од пророците.
Радувај се, во Тебе се извршија сите кажани пророштва;
Радувај се, зашто исполни сè што беше од Севишниот предвидено за спасение.
Радувај се, благодатна, зашто во Твоето успение не нè остави!
































