КОН СВЕТИТЕ БЕССРЕБРЕНИЦИ КОЗМА И ДАМЈАН
Тешко страдам од мојата болест и доаѓам кај вас, свети чудотворци и целители, Кузмане и Дамјане, зашто вие сте проповедале дека душевната болест е потешка од која и да било немоќ и дека душата боледува поради гревовите, а кога душата е болна, тогаш и телото тешко боледува.
Знам дека болестите го чистат човекот од неговите гревови.
Ви се молам, свети чудотворци, помолете Го Господа да ми подари простување на моите согрешенија.
Јас сум слаб и беспомошен, силите мои исчезнале во болеста и затоа молам да не паднам во очајание и да не загинам.
Побрзајте да ми помогнете, свети исцелители; ветувам дека, кога ќе оздравеам, ќе живеам во покајание и ќе го завршам мојот живот во мир.
Ви се молам, помолете Го Господа во судниот ден да застанам неосудено пред лицето на страшниот Судија на вселената, Кој ги познава тајните на човечките души.
Нему да My e слава, и сега и секогаш, и во вековите на вековите.
Амин.