Осудени на бесмртност
Луѓето го осудија Бога на смрт, а Тој со своето воскресение ги осуди на безсмртност. На ударите им враќа со прегратка, на хулите – со благословение, на смртта – со безсмртност.
Никогаш луѓето не покажале толку голема омраза кон Бога, како кога Го распнаа; и Бог никогаш не покажал поголема љубов кон луѓето, од тогаш, кога воскресна.
Луѓето сакаа и Бога да Го направат смртен , но Бог со своето воскресение ги направи луѓето безсмртни. Распнатиот Бог воскресна и ја уби смртта. Веке нема смрт.
Безсмртието го опкружи човекот и сите негови светови.
Човековата природа преку воскресението на Богочовекот неповратно е понесена по патот на безсмртноста и станала пострашна и од самата смрт; така, како што пред Христовото воскресение смртта била страшна за човекот, но по Христовото воскресение човекот станува страшен за смртта.
Кога живее со вера во воскреснатиот Богочовек, човекот живее над смртта, тој станува недостижен за неа, таа е во подножјето на неговите нозе.
Смрт, каде ти е жилото?
Аду, каде ти е победата?
И, кога Христовиот човек умира, тој само го остава своето тело, како да е облека, во која повторно ке се облече во денот на Страшниот Суд.
Пред воскресението на Богочовекот смртта била втора природа на човекот – животот прва, а смртта втора.
Човекот свикнал кон смртта како кон нешто сосема природно.
Но, со Своето воскресение Господ променил се’: безсмртноста станала втора природа на луѓето, а смртта станала – неприродна.
Како што пред Христовото воскресение било природно луѓето да бидат смртни, така по него станало природно да бидат безсмртни.
Човекот станал смртен и минлив преку гревот. Преку воскресението на Богочовекот тој станува безсмртен и вечен. Во тоа е силата, во тоа е власта и надмоќта на Христовото воскресение.
Без него не би имало христијанство. Тоа е најголемото од сите чуда, сите останати чуда извираат и се сведуваат кон него.
Од него произлегуваат верата, љубовта, надежта, молитвата, богољубието и братољубието.
Погледнете ги учениците кои побегнале од Исуса, кога умирал, како се враќаат при Него откако воскреснал.
Погледнете како началникот на војниците го исповеда Христа како Син Божји, кога видел дека воскреснал од гробот.
Погледнете како сите рани христијани станале христијани, бидејки Господ Исус воскреснал, бидејки ја победил смртта.
Тоа е нешто што го нема ниту во една друга вера; тоа е нешто кое го издига Господа Исуса Христа над сите богови и луѓе; тоа е нешто кое нај-несомнено ни покажува и докажува дека Исус Христос е единствениот Бог и Господ во сите видливи и невидливи светови.
Заради Христовото воскресение, заради Неговата победа над смртта луѓето станувале, стануваат и секогаш ке стануваат христијани.
Целата историја на христијанството не е ништо друго освен историја на едно единствено чудо, чудото на Христовото воскресение, кое непрекинато продолжува да се извршува во сите христијански срца од ден на ден, од година во година, од век во век до Второто пришествие.
Преподобен Јустин Поповиќ
…