Свесност (14.03.2020 18:03)
Деца, да не се лажеме, ние немаме соодветно покајание, или сострадална болка, а да не зборуваме за божествена љубов, при молитвата.
Но, свесноста дека немаме ништо од претходно наброените добродетели можеме да ја покажеме единствено со подвигот на постојано собирање и држење на умот во зборовите на Исусовата молитва, односно со концентрација во молитвата.
Со овој подвиг покажуваме дека сме свесни дека Господ Христос ни е сѐ – и покајание, и сострадална болка и љубов, а дека ние немаме ништо и сме ништо.
Плод на собраноста на умот во молитвата, со таа свесност, е дарот на солзите.
Што точно значи ова што ви го кажав, само молитвата може да ви покаже.
Затоа и свети Григориј Палама нѐ поттикнува во подвигот на молитвата како единствен учител на молитвата.
Колку сме никој и ништо, можеме да видиме само молитвено стоејќи пред Богочовекот Исус Христос и Неговата Мајка.
Но, исто така, и колку сме сакани…
(дел од беседата на Митрополитот Струмички Наум)