СВЕТИ ЕФРЕН СИРИН – ЗА ПОСТОТ
Возљуби ја Христовата скромност за духовно да се обогатиш. Возљуби го прекрасниот пост,
зашто е дело достојно и богоугодно.
Постот – тоа е кочија која води кон небото.
Постот ги раѓа пророците.
Тие што постат имаат чесно тело и скапоцена душа.
Постот го успокои Лазара во прегратката на Авраама.
Затоа и ние да го возљубиме, за да не прими Авраамовото крило. Да го избегнуваме раскошот и да не бидеме робови на пијанството – тие извори на блудството.
Пијанството не Го прима Господа, туку, напротив, пијанството Го отстранува од нас Светиот Дух.
Постот е пат кон покајанието и виновник за солзите.
Постот не го сака светот, ниту, пак, тоа што е во него. Нека не паѓаме во униние1) кога постиме, зашто во секоја црква ангелите ги запишуваат имињата на тие кои постат.
Постот е туѓ на злопамтењето – оние, кои во умот ги чуваат огорчувањата и направеното им зло, макар и навидум да постат и да се молат,
прилегаат на луѓе кои црпат вода и ја налеваат во продупчена бочва. Бог не ги прима молитвите на човек кој го помни злото на брата си.
Нека биде слава и сила на Господа, сега, секогаш и во сите векови.
Амин!
1) Униние – духовна состојба на границата меѓу очајание и смирение; депримираност, малодушност.