Добар ден!
Нека Св.Никола донесе смирение и благодат.
Имам едно прашање кое го пребарувам на google за светците и нивното појавување на верниците.
Одговор не најдов.
Да, ми се прикажа Светец односно Светица На сред бел ден – Св.Петка во новата црква во Кавадарци.
Ми прозборе.
Грешник сум, а од секогаш Верник.
Немам уште Покајание. Како ли го заслужив тоа Божјо чудо!
Ја видов целата во блескава Светлина лицето и сјјеше со посебна Светлина…
О Боже Мој, која ли заслугата што ми дозволи да ја видам Светицата! Никогаш не ме оставај биди со мене Секогаш и во вечни Векви Амин.
Ве молам за каков и да е одговор од почитуваниот отец Горан кој редовно го читам со одговорите.
Одговор – отец Горан
Св. Јосиф Спилеот нѐ советува од тоа ништо да не прифаќаме, туку да продолжиме со покајната молитва,
Господи Исусе Христе помилуј ме грешниот/ата,
и воопшто да не се впуштаме во толкување на тие виденија.
Најдобро да си го восогласиме нашиот живот со литургискиот ритам, пост, молитва, исповед и причест.
Философ е оној што не верува во соништа и виденија вели, св. Јован Лествичник.