Со молитвата треба да почнеме веднаш:
ЕВЕ, СЕГА Е ВРЕМЕ НАЈДОБРО,  ЕВЕ, СЕГА Е ДЕНОТ НА СПАСЕНИЕТО`

+++

ЗА МОЛИТВАТА

Молитвата е нешто најсвето во нашево постоење. Таа, пред сè, е природен закон. Како што водата испарува поради топлината и како водена пареа се крева нагоре, формира облаци и паѓа дожд, така и молитвата што му ја упатуваме на Бога никогаш не останува без плод.

Кој се моли го добива тоа што гобара, се разбира, ако тоа му служи на вистинското добро на молителот

Затоа Светото писмо на повеќе места нè повикува и нè охрабрува за молитвата:

Повикај ме во денот на неволјата и Јас ќе те избавам и ти ќе ме прославиш

(Пс. 49,15).

Штом го побарате Господа вашиот Бог, ќе го најдете, ако го побарате со сето срце и со сета душа;

барајте и ќе ви се даде,

барајте и ќе најдете,

тропајте и ќе ви се отвори,

зашто секој кој што сака добива,

кој што бара наоѓа и на кој што тропа му се отвора
(Мт. 7,78).

Најпрвин барајте го царството Божјои Неговата правда и сè друго ќе ви се придодаде (Мт. 6,33).

Ако посакате нешто во мое име, Јасќе ви исполнам
(Јн. 14,14).

Сè што ќе посакате во молитва, верувајте и ќе добиете, и ќе ви се оствари (Мк. 11,24). И т.н….

Молитвата не е само барање, туку таа е разговор со Бога, нашиот Создател, за сите наши маки,проблеми и дилеми, но и радости.

Таа е, и благодарност, и славославење на Бога за сите добрини и милости кон нас.

Светата Црква со сите свои свети тајни и дејствија, преку целата година,  е една прекрасна и постојана молитва кон Бога.

На молитва треба да ѝ се пристапува,пред сè, со вера.

Честопати ќе ни изгледа дека Бог не ги слуша нашите молитви и не ни одговара, но најчесто во таквите случаи нешто не е во ред во нашиот пристап, молиме нешто што не е во склад со вистинската духовност и што не е за нас најдобро.

Треба да го стекнеме менталитетот на зрелата духовна молитвеност, чиј основен став е:

Нека биде волјата Твоја!

На молитватa треба да ѝ пристапуваме и со смирение и чистота. Тоа би значело да не пристапуваме пред Бога како да сме оправдани или дека имаме право да  стоиме пред Него, туку со голема понизност поради нашите слабости и грешности, да се чувствуваме недостојни и виновници.

Не смееме да пристапуваме и непокајани поради нашите гревови, со омраза кон некого, со блудни дела и помисли итн.

.Молитвата не му е мила на Бога, ако не е способна да го  вклучи секое негово создание од природата, а особено секој човек, без разлика на неговата припадност.

Треба да е способна да ги вклучи дури и  непријателите. Молитвата е убава насекаде. Посебно е убаво молењето во осаменост и во природата.

Може човек да се моли од книга или со свои зборови.

Најдобро е да се молиме во осаменост и додека се молиме да бидеме посветени само на молитвата и на Бога, според Господовите зборови:

Влези восвојата соба и затвори ја зад себе вратата и помоли се во тајност, и Твојот Отец што борави во тајност, ќе те награди јавно.

Но може да се молиш и додека работиш. Чесното работење на своите задачи и стоење пред Бог и во секој дел на денот може, исто така, да биде молитва.

Се молиме и со восхитувањето на убавините што Бог ги распрскал на секаде во природата, со добрите и
чисти дела, со молчење, дури и само со слушање, т.е. со очекување на Божјиот духовен шепот што ни говори во нашите срца и души

.Господ нè поучи да се молиме постојано, а апостолот истото го повторува.

Со молитвата треба да почнеме ВЕДНАШ:

Еве сега е време најдобро,еве сега е денот на спасението!

Резултатите на молитвата се извонредни.

Можно е, ако се молиме, дури тоа е неодминливо, да нè допре Божјата милост, да ја почувствуваме Божјата присутност и љубов.

На тој начин ги спознаваме духовните и небеските вредности, духовното богатство за кое ни зборува нашиот Господ, кое не може да се спореди со матерјалните вредности.

Ако оживееме од Духот, постануваме живи стебла, за кои што зборуваше пророкот.

+++

Господи, Боже, дај ми Ти што сакаш, колку сакаш и кога сакаш.

Прави со мене како што Ти се допаѓа,

но така да можеме да Те препознаеме во Твоето дело.

Постави ме кај што сакаш и постапувај со мене според
Својата драга волја.

Во Твојата рака сум.

Прави со мене што сакаш.

Твој сум слуга, на сè сум спремен.

Не сакам да живеам за себе, туку за Тебе и тоа потполно и достојно на Тебе!

Претходна статијаТрпезата стана најосаменото место во домот?
Следна статијаЗА ЛАЖНАТА МОЛИТВА