Во Поуките од пустинските Отци се цитира многу едноставниот и сфатлив поглед на ава Мина:
„Послушание за послушание: кога некој Му е послушен на Бог и Тој му е послушен нему“.
Ава Исаија тоа поисцрпно го објаснува:
„Невозможно е Бог да не го слушне човекот, ако тој не Му е непослушен.
Тој не е далеку од човекот, но нашата волја е таа која не Му дозволува да ја чуе нашата молитва.“
Ако се молите и ако вашата молитва не е чуена, размислете, случајно да не сте биле непослушни.
Ако се молите во текот на ноќта, а не сте внимавале на својот начин на живот во текот на денот, тоа е како истовремено да градите и уривате.
Доколку сте невнимателни во ситниците, сигурно ќе подлегнете и паднете и во големите работи.
Внимавајте на себе!“