СТАВОТ НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ЗА СУРОГАТНОТО МАЈЧИНСТВО

Во Руската Федерација на 21 ноември 2011 година бил усвоен законот бр. 323-ФЗ “За основите за здравствената заштитан а граѓаните во Руската федерација” чии одредби меѓу другото се однесуваат и за сурогатното мајчинство.

Точка 9 од членот 55 гласи:

„Сурогатното мајчинство само по себе претставува носење и раѓање на дете (вклучувајќи ги предвремените раѓања) врз основа договорот, склучен меѓу сурогатната мајка (жената, која го носи плодот по преносот на донаторскиот ембрион) и потенцијалните родители, чии полови клетки се искористиле за оплодување, или една жена за која бременоста и раѓањето на детето е невозможно според медицински показатели”.

Значи, сурогатното мајчинство е ситуација, кога жената доброволно се согласува да забремени за да  носи и роди биолошки за неа дете, кое потоа би било предадено на воспитување на другите лица – генетските родители.

Тие и правно ќе се сметаат за родители на даденото дете, без оглед на тоа, што него го носела и родила сурогатната мајка.

По појавата на овој закон и првите “родители” многу луѓе имаат побарано мислење од Црквата.

Луѓето сакаат од нас да ја слушнат вистината и во многу да ги поддржат оние, кои се против овој закон.

Противниците на сурогатното мајчинство се плашат од изопачената практика за претворање на децата во еден вид стока, од создавање ситуација, во која богатите луѓе можат да изнајмуваат жени за носење на своите потомци.

Исто така постои основана загриженост дека за сурогатните мајки ќе претставува сериозна психичка траума од неопходноста да го дадат детето, кое станало “свое” по бременоста и раѓањето (дури иако во почетокот на сурогатната мајка   изгледало дека ќе може да се раздели од таквото дете без особени потресувања).

За ова во социјалната концепција на Руската Православна Црква е речено:

“Сурогатното мајчинство” ќе ги трауматизира како бремената жена, мајчинските чувства ќе бидат погазени,  така и детето, кое подоцна може да доживее криза на самосвест”.

Сурогатното мајчинство всушност е нова форма на трговија со луѓе. Не случајно, светска земја, како што е Франција, го забранува сурогатното мајчинство со формулација, дека тоа го нарушува принципот на неотуѓивост на човечкото тело.

Истото ова го поддржуваат и законодавците на Германија, Австрија, Норвешка, Шведска и некои држави на САД (Аризона, Мичиген, Њу-Џерси), каде што сурогатното мајчинство целосно е забрането.

Во некои држави разрешено е само некомерцијалното сурогатно мајчинство – такви се австралиската држава Викторија, Англија ( дозволува плаќање само на тековните расходи на сурогатната мајка), Данска (со сериозни ограничувања), Канада, Израел, Холандија (забранета е рекламата за сурогатно мајчинство, давање услуги на сурогатни мајки и нивниот избор), некои држави во САД (ЉУ-Хемшир, Вирџинија).

Во Белгија, Шпанија, Финска сурогатното мајчинство не е регулирано со закон, но фактички постои.

Има земји, каде сурогатното мајчинство, вклучувајќи го и комерцијалното, законски е разрешено – тоа се повеќето држави во САД, ЈАР, Русија, Украина, Грузија и Казахстан.

Во Белорусија сурогатното мајчинство може да го искористи само таа жена, за која бременоста и раѓањето на детето според медицинските показатели, физиолошки е невозможно или е поврзано со ризикот за животот, нејзиното здравје или на детето.

Ужасно е, што сурогатното мајчинство како форма на трговија со робови е забрането во атеистичка Франција, во протестанските Германија и Шведска, во католичките Австрија, Италија, Шпанија, но, тоа е разрешено во православните земји со управители, кои себеси се позиционираат како православни – Грција, Грузија, Украина, Белорусија и Русија.

Зарем претседателот на Русија не знаел дека постои конзенсус на религиозните организации како внатре во земјата, така ин а меѓународно ниво, кој искажува строг негативе однос кон сурогатната мајка?

А ако ја знаел црковната позиција, тогаш зошто ја занемарил?

За регистрација на детето, родено од сурогатна мајка, родителите треба пред Матичната служба да ги достават следните документи: медицинска белешка за раѓањето, согласност од сурогатната мајка, белешка од ЕКО (екстракорпорално оплодување).

Законот не забранува регистрација на деца, кои се родени од самохрани жени  и мажи со помош на спомагателна репродуктивна технологија, вклучувајќи го и сурогатното мајчинство.

Меѓутоа законски не се регулирани ситуациите, појавени во случај на развод или смрт на биолошките родители пред раѓањето на детето. Сурогатната мајка нема право да ја отповика својата согласност по регистрацијата на детето.

Најпознат самохран-татко во Русија е естрадниот пејач Филип Киркоров. На 26. 11. 2011 год. со помош на сурогатна мајка добил ќерка Ала-Викторија, а на 29. 06. 2012. Му се родил син Мартин-Кристин.

Во Русија цената на “сурогатна мајка со искуство” е од 300 до 600 илјади рубљи. Што значат овие 10 до 15 илјади евра за повеќе или помалку имотен европски пар?

Практично ништо. Значи, Русија се претвара во инкубатор за носење на деца за продажба, за извоз.

Во малиот индиски град Ананд, кој се наоѓа во државата Гуџарат, отворен е првиот во светот завод за сурогатни деца, каде стотици безработни индиски жени ќе имаат можност да заработуваат пари, произведувајќи деца за бездетните двојки од другите земји.

Идните родители можат на таа адреса да испратат биолошки материал, а потоа во закажаното време да дојдат да го земат своето дете.

Сурогатната мајка за секое дете добива околу 8 илјади амерички долари, а идните родители плаќаат 28 илјади долари.

Раѓањето на деца станува профитабилен бизнис. Притоа поголемиот дел од парите не го добиваат мајките, туку “раководството на претпријатието”. Не е тешко да се претпостави какви последици ќе имаовој проект. Се плашам, најжални.

Се поставува прашање дали може да се крсти таквото дете?

Крштевањето – не е награда, а одбивањето да се крсти не е казна.

Да се забрани Причест Крштевка или друга Света Тајна – тоа е обид луѓето да се научат на почитување на Црковните Тајни. Со забраната ние не го бркаме човекот од Црквата Христова, туку соучествуваме во неговата подготовка за Светата Тајна.

Црквата не казнува за извршените гревови, туку претпазува од нивно повторување. Тоа е правило на црковното пастирство и црковната педагогика.

Кога човекот, чие дете е родено од сурогатна мајка, моли од Црквата да го крсти, ние му објаснуваме дека крштението не е магија, туку воведување на човекот во црковниот живот.

Сите Свети Тајни на Црквата се извршуваат во услов на синергија – соработка меѓу Бога и човекот. Кога во Светите Тајни на Црквата учествува детето, кое нема свесна волја и вера, за него, ветување даваат неговите телесни родители и духовните (кумовите).

Ние ќе го крстиме, ако неговите родители се членови на Црквата, со надеж на тоа дека тие на детето ќе му дадат православно воспитание. Но ние можеме да одбиеме, ако самите родители не водат достоен начин на живот од христијанска гледна точка. За ова зборуваат црковните правила:

46 правило на Лаодикискиот Собор утврдува:

„Новокрштените треба да ја изучуваат  верата”.

47 правило на Лаодикискиот Собор зборува за неоходноста од катехизација на оние, кои не биле научени на верата пред Крштението:

“Кои во болест примиле Крштение, и потоа оздравеле, треба да ја изучуваат верата и да ја запознаат”

7 правило на ИИ Вселенски Собор бара да се огласуваат тие што се присоединуваат кон Православието:

“Ги принудуваме да престојуваат во црквата и да ги слушаат Писмата, и потоа ги крштеваме”.

78 правило на ВИ Вселенски Собор гласи:

“Тие, кои се подготвуваат за Крштевање да се подготвуваат на верата”.

Сите овие правила се однесуваат на возрасните. Но при крштевањето на децата сите овие барања се пренесуваат на родителите и кумовите.

Во храмот на пророкот Илија Обиденого во Москва го крстиле детето на Филип Киркоров, но не требаше.

Луѓето, кои слушнале за тоа, дека не требало да го крстат се побуниле: “Како Црквата можела да го одбие крштевањето на детето?”

Но, а ако го поставиме прашањето поинаку:

“Зарем, вие не сметате ли дека тоа е насилство да се крштеваат децата? Треба да се почека, додека тие станат возрасни, за тие сами да решат што да направат”?

Ние не сметаме дека детето, родено од сурогатна мајка, е виновно за нешто. Ние признаваме дека е полноцен човек. Но, очекуваме од неговите родители согласност со учењето на онаа Црква, кон Крстилницата, кон која тие самите по своја волја го донеле.

Во тешките години за Црквата, сите што се крштевале без огласување. Но тогаш било забрането секое присуство на Црквата надвор од ѕидините на храмот па дури и крајно ограничување за проповед внатре вон него.

Притоа луѓето се плашеле да имаат некакви контакти со претставниците на Црквата. Заради ова причина сите ги крштевале тајно, за никој да не дознае.

Свештеникот сфаќал дека можност за повторна средба со тие што сакаат да се крсти нема да има, и крштевал.

Општеството и сега во мнозинство останува атеистичко и окултно. Но сега постои можност да се занимаваме сп просвета. Зошто да се откажеме од неа?

Некои се плашат дека ако детето умре некрстено, тогаш тоа ќе се најде во пеколот. Но таков догмат во Православната Црква нема.

Свети Григориј Богослов за децата, кои не примиле крштение, вели:

“Тие кај Праведниот Судија нема да бидат ниту прославени, ниту казнети; бидејќи иако не се запечатени, меѓутоа и не се лоши, и самите повеќе претрпели, отколку што направиле штета. Бидејќи не секој недостоен за казна, достоен е за чест; исто како и не секој недостоен за чест, достоен е за казна” (Святитель Григорий Богослов. Слово 40. На святоеКрещение // Творения: В 2 т. Троице-Сергиева Лавра, 1994. С. 558).

За жал, денес многумина се крштеваат само за да го затворат за себе религиозното прашање и повеќе да не гледа во насока на Евангелието. Бидејќи тие во храмот не дошле заради Евангелието и Христа.

Важно е да се забележи, дека ако детето од “сурогатната мајка” го земат на воспитание луѓе верници, тогаш може да се крсти.

Да претпоставиме дека некоја жена потпишала договор за носење на туѓо дете. Но во текот на очекуваните месеци таа се премислила да го предаде младенчето (а имало такви случаеви).

Во 1988 година семејниот суд на американската држава Њу-Џерси наредил детето да се предаде на “посиновување” и родителските права да му се дадат на биолошкиот татко, но во исто време ги потврдил правата на сурогатната мајка да го посетува детето и да учествува во неговото воспитување.

Ако мајката нема ниту материјална, ниту правна можност да го задржи детето, таа го предава во црковното прифатилиште или во детскиот дом, и попадне кај родители верници, тогаш може да биде крстен, бидејќи за него завет дава човек верник, кој ја знае својата вера.

Страшно е тоа, што “ѕвездите” не сакаат да слушнат за преживувањата и душевниот неспокој на искористените жени. Точно, таа потпиешала договор. Мајка пред и во време на бременоста – тоа се различни жени.

Девет месеци таа во себе носела нов живот, споделувајќи го со него својот живот. За овие месеци таа го засакала младенецот.

Но таа љубов и мајчинските чувства кон детето, според условите на договорот, за пари треба веднаш да ги задуши во себе.

А ако тоа чувство во неа не се родило, ако таа, знаејќи, дека од малото треба да се откаже,  го задушила ли мајчиното чувство во себе? Зарем тоа ќе помине без последици за носеното од неа дете?

Децата многу силно чувствуваат – дали тие се посакувани или не. Да претпоставиме, мајката ги задушила во себе тие чувства.

Но ќе помине време, таа ќе посака да има свои сакани деца. Постои ли гаранција, дека таа ќе може повторно да роди?

Сите непредвидени раѓања за жената, секоја бременост може да биде последна. Што ќе чувствува таа, знаејќи го тоа дека таа го предала и продала своето дете?

Но дури таа ид а има свои деца, тоа не значи дека таа нема да жали за роденото и продадено бебе.

Со секоја година болката за продаденото дете ќе се зголемува. Цело време оваа жена ќе мисли дека таа не го продала детето, туку душата своја.

Страшно е и тоа што “новиот татко” не размислувал долго за медицинските последици за ова или онаа мајка, дека тој ја купува за своето дете.

По раѓањето на детето се трудат колку може побрзо да го стават на мајчините гради. Ова е неопходно. Бидејќи детето само што се родило, ја напуштило навикнатата за него средина на живеење, а кога детето ќе го стават на мајчините гради, тоа го чувствува познатиот мирис, го слуша познатото чукање на срцето, кое тој го слушал 9 месеци, и се смирува. Тој е убеден дека нему ништо не му се заканува.

Не добивајќи го првото млеко, колострумот, кое многу го зајакнува идниот имунитет на детето, тоа ќе биде многу склоно кон многу болести. Важно е, прв човек што ќе го сретне детето во овој свет да биде мајката, а не медицинската сестра.

Првото хранење е важно и за тоа, да и во иднина мајчиното млеко подобро да се прифаќа. Но во случај на сурогатното мајчинство врската меѓу мајката и детето многу рано се прекинува или сосем отсуствува.

Мајчиното прехранување според договорот не се претпоставува. Кај “новите родители” постои страв дека мајката ќе се приврзе кон детето и нема да сака да се раздели од него.

А без мајчиното млеко детето ќе треба да се клука до антибиотици. За жал, вештачкото хранење е редовна појава. Таквите деца често се послаби од врсниците, и ним им е потешко во животот.

Страшно е и тоа, што некои родени на тој начин деца ќе попаднат во рацете на богати хомосексуалци. Овие луѓе ги купуваат децата од сурогатните мајки не за сексуални игри (се надевам), а за задоволување на својот подоцна разбуден татковски инстинкт и за добивање “потпора” во староста.

Зошто е ова опасно? Бидејќи до самиот смртен час хомосексуалецот нема да ја чувствува својата анормалност, и нема да бара можност да се покае ( а ние го лишуваме од неговото спасение).

За опасностите за децата не треба дури и да зборуваме, бидејќи тоа е разбирливо без било какви коментари.

Сериозен проблем е и тоа што над “сурогатните” деца, ако тајната за нивното потекло стане позната на сите, сите ќе му се потсмеваат. А ќе сакаат ли овие деца да живеат неизвесно.

Бездетноста е тешко искушение, и сите немаат сила тоад а го поднесат. Сурогатното мајчинство не е решение, туку бунт против Бога.

Како поинаку да се наречат човечките измислици и богохулни експерименти во ситуација, кога е очигледно дека Бог не благословува со чедородие?

Наместо трпение и смирена молитва – луѓето се бунтуваат против волјата Божја за себе.

Ако ти сакаш да имаш деца, но Господ не ти дарува родени чеда, зашто тогаш не подариш топла љубов на оние, кои се лишени од неа – несреќните сираци?

Ако си доволно имотен и сакаш да го воспитуваш блискиот, зошто тогаш ги занемаруваш тие, кои навистина имаат потреба од твојата грижа?!

Освен тоа, “сурогатното мајчинство” – во сериозна мера е изневерување на сопружничката целомудреност, нарушување на благословот Божји во Светата Тајна Брак, оти Бракот е љубовен сојуз меѓу двајцата.

Овде имаме трета несреќна мајчинска душа, која го изгубила детето, а исто толку несреќни детски души.

Тие луѓе, кои се појавуваат на свет по “сурогатен” пат, во ништо не се виновни, што не може да се каже за нивните родители.

 

 

ИЗВОРПравославна Обител
Претходна статијаНЕМОЈТЕ ДА МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ УМРЕЛЕ ЗА ГРЕВОТ…!
Следна статијаДАЛИ ПОСТОЈАТ СТАРЧЕ МАГИИ И КОЈА Е ЗАШТИТАТА?