Отец Гаврил Галев – умножувањето на петте леба и двете риби
Во овој настан на умножувањето на петте леба и двете риби и со кои биле нахранети повеќе од 5000 души, Господ Исус Христос покажува дека Он е вистинскиот Бог и Творец на се`, и Оној кој што што ја уредува и одржува вселената и човекот во неа како нејзин центар.
Со тоа што апостолите му рекле на Исуса да го распушти народот бидејки се стемнило и било далеку од населено место, грижејќи се за да не останат гладни, покажале малодушност и дрскост пред Него.
Излегува како тие повеќе да се грижат за народот од Него.
Меѓутоа Господ ги научил на уште поголема лекција со тоа што им покажува дека Он е вистинскиот Бог и Творец на се, и Оној кој што што ја уредува и одржува вселената и човекот во неа.
Се` што се случува се случува, е по Негова волја или допуштение и кога сме со Него се надминуваат физичките закони на природата
Затоа и Тој така им се обраќа:
”Дајте им вие да јадат!”
Индирекно разобличувајаки ги, истовремено ги потсетува и на еден друг момент, потенцирајки ја улогата на свештенството.
Свештениството е посебен ред во Црквата на кои со благодатта Божја им е дадено духовно да ги водат луѓето и да ги лекуваат духовно и телесно.
За да може да го водат народот и да го лекуваат, најпрвин самите тие треба да бидат излекувани, исчистени од гревот и просветлени со умот.
Односно, да не му служат на ѓаволот и гревот и да не се робови на страстите.
да ги поминал трите степени од духовниот раст или барем вториот степен на просветление.
Свештеникот, пред се Епископот, е икона Божја, посредник помеѓу Бог и народот.
Меѓутоа тој треба да е достојна икона Христова, а не разоблична.
Тоа значи да ги поседува истите особини и квалитети како Христос, пред се` и најмногу од се`, саможртвена љубов.
Преку него Бог ги распоредува Своите дарови во Црквата.
Затоа и лебот и рибите се умножувале во рацете на апостолите и нахраниле толку многу народ.
Сите се насетиле и добиле од нивниот принос, та дури и останале полни дванаесет кошеви.
Дванаесет за секој Апостол по еден, за сите подеднакво да учествуваат во оваа тајна.
Чудото од друга страна е овозможено и заради смиреното послушание на апостолите. За се` што Бог прави со нас, бара соработка.
Според Законот на логиката со толку малку храна е невозможно да се нахрани толку многу народ, меѓутоа апостолите се покориле и поверувале на Неговите зборови и го послушале. Апостолите му биле послушни на Бог, а народот на апостолите и сите биле задоволни.
А за да не помислат високо за себе, дека тие го направиле чудото, Сепромислителниот Бог, затоа веднаш ги испратил во коработ.
Преку ова чудо Господ не учи и на соборен (заеднички) живот и да ни ја покаже силата на заедницата. Кога сме собрани во името Божјо, според зборовите Божји, тогаш таму е и Тој помеѓу нас.
Само во таа заедница е Господ и таа заедница е плодотворна и раѓа добри плодови.
Умножувањето на лебовите и нахранувањето на народот е и слика на светата Ефхаристија, во која сите се храниме од едниот леб, кој што е “секогаш јаден и никогаш недојаден, а тоа е телото Христово.
Според тоа заедницата е многу важна работа во нашиот живот во која еден на друг смирено си служиме и се сакаме.
Од заедницата зависи и нашето спасение и содржината и квалитетот на нашиот живот.