ЗА НЕПРОШТЕВАЊЕТО
– Ако со некого си закаран и пробаш да се смириш со него, а тој сепак не сака да ти одговори, што треба да правиме во таков случај?
– Ако ѓаволот влегол толку силно во неговото срце и не ти простува, та било кој и да е – кум, пријател, сестра, брат… – треба три пати да му кажеш:
„Прости ми, брату, мене грешниот, и Бог нека ти прости“.
– Ако потоа и понатаму те мрази и не ти простува?
– Ако три пати побараш простување, и не ти простува,
гревот останува во него!
Но ти, да ја извршиш должноста и до три пати да бараш простување.
Ако не ти прости, товарот останува на него, а ти помоли се за него, зашто не знае тој дека Спасителот кога Го прашаа колку пати да проштеваме во текот на еден ден одговорил:
Матеј: 18:22 Исус му рече:
„Не ти велам до седумпати, туку до седумдесетпати по седум.”
(Старец Клеопа)