Не е грев она што се прави според законот на природата,

туку е грев лошото што се прави според слободната волја.

Не е грев да се јаде храната,

туку е грев да јадеме без благодарност, без побожност и невоздржливост;

не е грев да се гледа едноставно,

но е грев кога гледаме со завист, горделиво и ненаситно;

не е грев кога слушаме мирно,

но грев е кога слушаме со гнев;

не е грев кога го тераме јазикот да благодари и да се моли,

но е грев кога клевети и осудува;

не е грев кога нашите раце се зафатени со милостиња,

но е грев кога им дозволуваме да крадат и убиваат.

И така секој дел греши според нашата слободна волја, правејќи зло место добро – спротивно на Божјата волја.

Св. Антониј Велики