Светското опкружување и светските родители, ги уништуваат своите деца. Животната средина исто така има силно влијание.

Има малку деца кои имаат скромност и љубов. Повеќето незауздани деца се такви, при што немаат срам. Многу родители ги водат своите деца кај мене и велат:

“Отче, моето дете има бес”. А гледам, дека децата немаат бес – Бог да чува! Малку се деца кои имаат бес.

Сите други се подложени на некое надворешно бесовско влијание. Односно, демонот им заповеда надвор од нив, а не во нив. Но, надвор од нив, тој си ја врши својата работа. И каде започнува? Од бесрамноста.

Кога децата бесрамно им зборуваат на возрасните, тие ја прогонуваат Божјата благодат. А кога се оддалечени од Божјата благодат, до нив се доближуваат нечестивите сили и децата стануваат неподносливи, прават неугледни дела.

А оние деца кои имаат почит и ги слушаат родителите, наставниците и возрасните, тие постојано ја примаат Божјата благодат и го имаат Божјиот благослов. Благодатта ги закрилува и ги заштитува.

Големата љубов кон Бога заедно со големата почит кон повозрасните, привлекува голема Божја благодат во нивните души и ги облагодетува до таков степен, што тие стануваат забележливи за другите, поради божествениот блесок на благодатта.

Божјата благодат не оди кај бунтовниците, оди кај чесните, кротките, добро воспитани деца. И децата кои имаат почит и стравопочит, се гледаат. Имаат еден поглед кој сјае!

И колку поголема почит имаат кон родителите, кон повозрасните, толку повеќе примаат во себе од Божјата благодат.

Колку повеќе се незауздани, толку повеќе се напуштени од благодатта Божја.

Старец Пајсиј Светогорец