(3)
– СВЕТОСТА НА РОДИТЕЛИТЕ Е НАЈДОБРО ВОСПИТУВАЊЕ ВО ГОСПОДА
На лицата на децата треба да Го видиме Бога и да ја пренесеме љубовта Божја на децата. И децата треба да научат да се молат на Бога.
За децата да се молат на Бога, треба да имаат во себе крв на родители кои и самите се молат.
Грешат некои кои зборуваат: бидејќи родителите се молат на Бога, побожни се, го изучуваат Светото Писмо и ги подигаат своите деца во „воспитување и науката Господова” (Еф. 6, 4), природна последица е дека и децата ќе им бидат добри.
Но, повелете да ги забележите спротивните резултати како последица на притисокот!
Не е доволно родителите да бидат побожни. Тие не треба да вршат притисок на децата, не треба да се обидуваат со сила да ги натераат да бидат добри.
Може да се случи да ги оддалечиме децата од Христа, кога егоистично ќе се држиме до начелата на нашата религија.
Децата не трпат притисок. Не ги присилувајте да доаѓаат со вас во црква!
Можете да им кажете:
Кој сака, може сега да дојде со мене или да дојде подоцна. Оставете ги во нивните души да проговори Бог.
Причината заради која децата на одделни побожни родители, кога ќе пораснат, стануваат нескротливи, ја напуштаат и Црквата и сè друго, и трчаат во разни правци духовно да се задоволат, е притисокот кој на нив го вршеле „добрите” родители.
Божем побожните родители, макар колку да се труделе од своите деца да направат „добри” христијани, со својата човечка љубов ги изложиле на притисок и дошло до спротивен исход.
Со други зборови, додека се мали, децата трпат притисок, а кога ќе наполнатшеснаесет, седумнаесет или осумнаесет години, тогаш гледаме спротивен резултат. Тогаш тие, од отпор кон родителите, почнуваат да заоѓаат во лоши друштва и да изговараат лоши зборови.
За разлика од тоа, кога се развиваат во слобода, истовремено посматрајќи го добриот пример на возрасните, ќе се радуваме да ги гледаме какви се.
Во ова е тајната: за да ги вдахнуваш децата, за да зрачиш на нив мораш да бидеш добар, мораш да бидеш свет.
Животот на децата е, изгледа, под влијание на зрачењето од страна на родителите. Родителите инсистираат: ајде да се исповедаш, оди да се причестиш, појди да го сториш ова или она…
На тој начин ништо не бидува.
Но, детето те гледа тебе, твојот пример. Она со што живееш, со тоа и зрачиш. Да ли Христос зрачи во тебе?
Ако зрачи, тоа преминува на твоето дете.
Тука се крие тајната. Ако така се случува додека детето е сосема мало, нема да му биде потребно да вложува многу труд кога ќе порасне.
Во врска со ова, премудриот Соломон користи една многу убава слика, нагласувајќи го значењето на добраата појдовна точка, добриот почеток, добриот темел.
Тој вели на едно место:
„Кој кон неа [Премудроста] рано порани, нема да се замори; зашто ќе ја [Премудроста] најде покрај своите двери” (Прем. Сол. 6,14).
Да се порани кон Премудроста значи да се занимаваш со неа од најраната животна возраст.
Премудроста е Христос. Зборовите седи покрај дверите значат дека се наоѓа близу.
Кога родителите се свети и кога тоа својство го пренесат на детето и му пружат воспитување во Господа, тогаш детето, макар колку да се лоши влијанијата кои доаѓаат од неговата околина, нема да подлегне на тие влијанија, бидејќи пред вратата на неговата душа ќе се наоѓа
Премудроста, Христос.
Тоа нема да се напрегнува да ја стекне таа Премудрост.
Изгледа како да е многу тешко детето да стане добар човек, но во стварноста тоа е многу лесно, кога од раното детство ќе тргне во животот со добри духовни доживувања.
Тогаш не е потребан напор при растењето; доброто го имаш во себе, живееш со него. Не се трудиш, си го доживеал.
Тоа е твој имот, кој го одржуваш, ако внимаваш, низ целиот свој живот.
Старец Порфириј Кавсокаливит – ВОСПИТУВАЊЕТО НА ДЕЦАТА
Подготви Мина Даниловска