Браќа и сестри

Од дваесет и четврти јуни – понеделник до единаесети јули започнува и трае Петровденскиот пост, посветен на Апостолите Петар и Павле.

Овој пост подразбира дека од трпезите треба да ја тргнеме масната храна: месото, млечните производи и јајцата.

Телесниот пост изгледа вака:

понеделник , среда и петок се јаде храна подготвена со вода (без зејтин),

вторник и четврток храна со зејтин,

а сабота и недела е дозволена и риба.

Тоа се однесува за постот со телото.

Постот со духот подразбира: молитва, мир, кроткост, љубов…

гладен да се нахрани

болен да се посети и утеши,

затвореник да се посети…

Да се чинат милосрдни дела на гладните, немоќните, сиромасите, болните.

Да се пости и со устата; да не се осудува, озборува, клевети, да се пости со умот и со срцето.

Да го пречекаме со радост, да го прегрнеме постот како исцелителен лек за телото и душата, во слава на Бога, за целото човештво.

 

Радувајте се Павле и Петре, громогласни труби на благовестието, кои темелите на стариот свет како друг Ерихон ги разрушивте!

Радувајте се, свети првоврховни апостоли Петар и Павле!

Претходна статијаТогаш станува видлива убавината на душата…(Св. Макариј Велики)
Следна статијаЕдинствено на Бога му припаѓа правото да суди и оправдува! (Авва Доротеј)