Како да дознаеш дали живееш по волјата Божја?
Еве знак: ако жалиш за нешто, значи не си се предал целосно на волјата Божја.
Оној кој што живее по волјата Божја, тој за ништо не се грижи. И ако му е потребна некаква работа (ствар), тој и себеси и стварта ги предава на Бога, и ако не ја добие, тој се’ едно останува спокоен, исто како да ја има.
Душата која што се предала на волјата Божја од ништо не се плаши: ни од закана, ни од разбојници, од ништо.
Што и да и’ се случи таа вели:
“така на Бога Му е угодно!”
Ако настапи болест тогаш вака размислува:
значи, мене ми е потребна болеста, инаку Бог не би ми ја дал!
И така го сочувува мирот во душата и во телото.“
Преп. Силуан Атонски