Царевите и владетелите на народите, да ја знаат љубовта Божја, никогаш нема да војуваат.
Војната се праќа заради гревовите, а не заради љубовта.
Господ нè создаде од љубов и ни заповеда да живееме во љубов и да Го славиме Него.
Ако старешините ги чуваат заповедите Господови, а народот и потчинетите ги слушаат во смирение, тогаш на земјата ќе има голем мир и веселие.
Но,
Те молам, Милостив Господи, дај му на сиот народ од Адама до крајот на вековите, да Те познае Тебе, дека Ти Си благ и милостив.
Дај им на сите народи да се насладуваат од Твојот мир, и да ја гледаат Светлината на Твоето Лице.
Твојот тивок и кроток поглед ја привлекува душата.
Тој што во себеси го носи мирот на Светиот Дух, го излева мирот и на другите.
А оној што во себе го носи злиот дух, тој го излева злото и на другите.
Свети Силуан Атонски