САЕМ НА КНИГАТА 2019: Од издаваштвото на Струмичка Епархија
Денес започнува 31во издание на Саемот на книгата на кој на штандот на МПЦ-ОА ќе имате можност да се запознаете со нејзината многу богатата издавачка дејност. Ќе Ви ги претставиме изданијата на епархиите, а во оваа пригода Ве информираме за саемскиот каталогот на Струмичка епархија.
Не пропуштајте го најголемиот книжевен настан во градот.
Струмичка Епархија
Книги:
1. „Вистинската слобода: Романски новомаченици и исповедници“, црква „Успение на Пресвета Богородица“, Василево, Струмица, 2017; – 400 денари.
2. Д-р Дмитриј Авдеев, „Униние и депресија“, Манастир Велјуса – 250 денари.
3. Д-р Дмитриј Авдеев, „Мисли за женската душа“, Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2018 – 200 денари.
4. Билјана Петреска, „Да издишам за да се спасам“, Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2018 – 50 денари.
Книги за деца:
5. „Божикна песнарка“, Црква „Успение на Пресвета Богородица“, Василево, Струмица, 2017 – 100 денари.
6. Д-р Дмитриј Авдеев, „Венец на светоста“, Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2018 – 100 денари.
7. „Светилници на светот“ (книга 1), Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2018 – 100 денари.
8. „Светилници на светот“ (книга 2), Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2019 – 100 денари.
Богослужбени:
9. „Молебен канон кон Пресветата Владичица наша Богородица во чест и спомен на јавувањето на Нејзината чудотворна икона наречена Брзопослушничка“, Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2017; – 100 денари.
10. „Акатист кон Пресветата Владичица наша Богородица во чест и спомен на јавувањето на Нејзината чудотворна икона наречена Брзопослушничка“, Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2017; – 100 денари.
11. „Статии на Голем Петок “, Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2018 г. – 50 денари
12. Свети Андреј Критски, „Великиот покаен канон“, Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2018 – 200 денари.
Молитвеници:
13. “A Prayer Book”, Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2018 – 150 денари
14. „Православен молитвеник“, Манастир „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица, 2017; – 200 денари
15. „Mал православен молитвеник”, Манастир Велјуса – 50 денари.
САЕМ НА КНИГАТА 2019
Повеќе од 60 издавачи од Северна Македонија, Унгарија, Србија, Косово, Албанија, Данска се дел од 31-то издание на Меѓународниот саем на книгата кој ќе се одржува од 8 до 14 мај во ВИП Арена Борис Трајковски.
Во соработка со Скопски Саем, Унгарија и унгарската книжевност ќе бидат во фокусот на 31-от Меѓународен саем на книгата во Скопје.
Како земја во фокус, Унгарската амбасада во Скопје на посебен штанд ќе ги претстави унгарските книжевни дела објавени на македонски јазик во последниве години.
Она со што може да се пофали оваа земја, е богатата книжевна литература, со многу наградувани автори и литературни дела, кои можат да се најдат на полиците за книги ширум светот, а токму на саемот на книга публиката ќе има можност лично да се сретне со авторите Едина Сворен и Ласло Багоши, како и со македонските преведувачи на унгарската литература Паскал Гилевски и Златко Панзов.
За време на саемот, покрај врвните унгарски книги, ќе биде изложена и изложба на илустрации од современи унгарски детски книги.
Работното време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот.
ВАЖНО!
По повод одржувањето на Саемот на книга 2019 во период од 8 до 14 мај во ВИП Арена Борис Трајковски, во соработка со ЈСП, се воведуваат две нови линии 100 и 200.
Линија 100 ќе сообраќа од населба Ново Лисиче до ВИП Арена Борис Трајковски, додека линијата 200 ќе сoобраќа од населба Дексион до ВИП Арена Борис Трајковски
Цената на автобуските билети е според официјалниот ценовник на ЈСП.