СОСТОЈКИ:

200 грама печени пиперки  и  исчистени.

50 грама  излупени лешници .

(2) Две  кришки леб.  Ако ја правите паштетата на масло, пред да ги потпечете кришките премачкајте ги со маслиново масло или со маргарин и печете ги додека заруменат, доколку паштетата ја правите на вода само ги потпечувате да заруменат.

½ лажица чили.

Лукче 3-4 чесниња.

Сол и оцет по вкус.

75 милилитри вода или ако ја правите на масло 75 мл маслиново масло

Лешниците се потпечуваат и се мелат или блендираат заедно со лебот, пиперките, лукчето, оцетот и солта.

Ако паштетата ја правите на вода се додава вода додека ги миксирате овие состојки се` до добивање на сакана густина, ако пак ја правите паштетата на масло додавате маслиново масло.

Уживајте!

 

Претходна статијаОГРОМНА ГРОБНИЦА – (Овој свет без Господ Христос – што е? Преподобен Јустин Поповиќ
Следна статијаТешко нас кога нè фалат дека сме добри лубеници, а ние сме тикви…! (Старец Пајсиј)