“…Човек во тешкотиите полага испити.

Вистинската љубов и пожртвуваност се пројавуваат во тие моменти. И кога велиме дека некој има дух на самопожртвуваност, мислиме на тоа дека тој за време на опасности не мисли на себе, туку на другите.

Дури и поговорката гласи: пријателот во неволја се познава.

Ако сега, не дај Боже, паднат бомби, ќе стане јасно кој мисли за другите, а кој само за себе. Оној што научил да се грижи само за себе, во некоја неволја повторно ќе се грижи само за себе, па Бог нема да се грижи за него.

А ако некој уште од рано научил да не се грижи за себе, туку за ближните, и во време на опасности ќе се грижи за другите. Тогаш станува јасно во кого има дух на пожртвуваност, а во кого дух на самољубие.

Ако човек уште сега не почне да принесува некоја жртва, да жртвува некои свои желби или егоизам, како мисли во некој тежок момент да го жртвува својот живот за ближниот?

И ако сега се плаши од трудот и гледа на некоја работа случајно да не се умори малку повеќе од некој друг, како мисли да ја достигне состојбата да се турка да загине тој, а не неговиот ближен?

Ако сега, во некои ситници мисли на себе, како ќе мисли на ближните во моментот кога животот ќе му биде во опасност?

Тогаш ќе биде многу потешко. Ќе настапат тешки години и таквиот човек, гледајќи го својот сосед како лежи со температура насред пат, ќе го остави така да лежи и ќе замине по некоја своја работа.

Ќе рече:

„Подобро малку да прилегнам за и мене да не ме снајде истото“.

Оние што живеат јуначки никогаш не умираат.

А без јунаштво ништо не може да се направи. Знајте дека секој човек што верува истовремено е и храбар!”

– Старец Пајсиј

Преземено од фб профил на

Monika Nikolova
Претходна статијаПодај ми го ова што го барам од Тебе! За тебе сѐ е можно!
Следна статијаСобирањето како Црква, пред се’, е тајна на љубовта! (А. Шмеман)