“ШТО МИ Е ПОТРЕБНО?

Потребен ми е Господ, потребна ми е Неговата благодат, Неговото Царство во мене.

На земјата, местото на моето прогонство, на моето привремено учење, нема ништо мое, сопствено, сѐ е Божјо и сѐ е привремено, наменето за привремено користење од мене.

Што ми е потребно?

Потребна ми е вистинска, христијанска, жива, дејствителна љубов,

потребно ми е срце кое љуби, жали за ближните,

потребна ми е радост за нивната благосостојба, тага за нивните маки и болести,
за нивните гревови, слабости, недостатоци, несреќи, сиромаштва;

потребно ми е топло сочувство, искрено во сите околности на нивниот живот,
радување со оние кои се радуваат, плачење со оние кои плачат.

Доста ми е од самољубие, егоизам, настојување да се живее само за себе и сѐ да се приграбува само за себе:

и богатството, и задоволствата

и славата на овој свет,

да умирам, а не да живеам,

да страдам, а не да се радувам, носејќи го во себе отровот на самољубието, кој во нашето срце непрестајно го долева лукавиот.

Господи, Ти гледаш на моето срце, на неговото движење и на овие редови!

Подај ми го ова што го барам од Тебе! За тебе сѐ е можно.

Подари ми го вистинскиот живот, отстрани го мракот на страстите, со Твојата сила избркај ги!”

– Свети Јован Кронштатски

Претходна статијаХРИСТОС ВОСКРЕСНА! ВИСТИНА ВОСКРЕСНА! (Св. Кирил Александриски)
Следна статијаПријателот во неволја се познава…!