ВЕЛИКИ ВТОРНИК
`И со каква мудрост и човекољубие светите и богоносни отци ни ја предлагаат во овој свет и Велик Вторник евангелската парабола за десетте девојки – петте мудри и петте неразумни, сакајќи да нѐ поттикнат со добри дела и милостина да го украсуваме благословеното воздражние и телесната чистота, бидејќи без нив таа е залудна.
Младоженецот Христос не сака да се всели во душа непросветлена со божествениот зрак на милосрдието.
Господи, Исусе Христе, Многумилостив, удостој нѐ со Твојот бесцент дар на покајанието и милосрдието, бидејќи тие се печатот по кој ќе ги препознаеш душите подготвени да влезат во Твојата свадбена одаја – Царството Небесно.
Амин!