ВЕЛИКИ ВТОРНИК

`И со каква мудрост и човекољубие светите и богоносни отци ни ја предлагаат во овој свет и Велик Вторник евангелската парабола за десетте девојки – петте мудри и петте неразумни, сакајќи да нѐ поттикнат со добри дела и милостина да го украсуваме благословеното воздражние и телесната чистота, бидејќи без нив таа е залудна.

Младоженецот Христос не сака да се всели во душа непросветлена со божествениот зрак на милосрдието.

Господи, Исусе Христе, Многумилостив, удостој нѐ со Твојот бесцент дар на покајанието и милосрдието, бидејќи тие се печатот по кој ќе ги препознаеш душите подготвени да влезат во Твојата свадбена одаја – Царството Небесно.

Амин!

Претходна статијаВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК – ТАЈНАТА ВЕЧЕРА! Љубиш и не бараш, а најмногу добиваш – Него!
Следна статијаKако да Те погребам, Боже мој….! (Страдање на нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос.)