„Царството Божјо е внатре во вас (Лука 17, 21).
Влези во самиот себе, усрдно барај, па без напор ќе го најдеш…
Влези во себе и живеј во самиот себе, во прекрасната ќелија на духот свој – и таму барај го Царството, како што нè учеше нашиот Спасител…
Влези, значи, во себе, пребивај во своето срце, зашто таму е Бог. Тој не те напушта, туку ти Го напушташ Него…
Прекрасно е ова и чудесно, недостижно за небесните и неискажливо за земните. Недостапниот, за секој ум, влегува во срцето и пребива во него;
Сокриениот од оние што со оган зрачат се населува во срцето. Земјата не може да издржи под Неговите стапала, а чистото срце Го носи во себе.
Небото е мало за Неговите дланки, а срцето е Негово живеалиште.
Целата твар не може да Го смести во своите граници, но ако тоа го побара срцето Тој ќе се смести и во малото срце.
Мал простор одбира Бог во човекот за Свое живеалиште и човекот станува храм Божји, во кој пребива и живее Бог.
Душата е Негов храм, а срцето свет олтар на кој се принесуваат жртви на пофалба и славословија; умот, пак, е јереј што таму стои и свештенодејствува…“
Свети Ефрем Сирин