САМООПРАВДУВАЊЕ
• Преподобен авва Доротеј за почеток на својата поука за смирението, како камен-темелникот во зданијата, ja зема следнава изрека на еден од светите старци:
„Пред сè ни е потребна смиреномудреност, ние треба да бидеме подготвени, против секој збор што ќе го слушнеме, да кажеме ,прости’, бидејќи co смиреномудреност се кршат сите стрели на ѓаволот и на противникот”.
Во отфрлањето на оправдувањата, во обвинувањето на себе, и во молењето за прошка во сите ситуации кога вообичаено мирјаните прибегнуваат кон оправдувања и ги намножуваат, се состои големата и таинствена бања на светото смирение.
Неа ja почитувале и неа ја завештуваат сите Свети Отци. Тоа дејствување е чудно кога се набљудува површно, но искуството бргу ќе покаже дека донесува голема душевна корист и дека потекнува од Вистината, од Христа.
Господ ги отфрлил оправдувањата, не ги употребил пред луѓето, иако можел да им ja покаже Својата голема Божествена правда во целата нејзина големина.
„Оправдувањето co зборови не доликува на христијанскиот живот” – рекол свети Исак Сирин.
Преподобен Пимен Велики велел:
„Ние паѓаме во многу искушенија, бидејќи не го чуваме поредокот, кој му доликува на нашето знаење. Зарем не гледаме дека жената Хананејка го прифатила грдиот назив, кој и’ бил даден и дека Спасителот ja утешил.
Исто така и Авигеја му рекла на Давид:
,Врз мене да е гревот, господару мој’ (1. Цар. 25, 24), и откако го слушнал тоа, Давид ja засакал.
Авигеја е слика на душата, а Давид слика на Бог: ако душата се обвини себеси пред Господа, Господ ќе ја засака”.
Пимен Велики го прашале: Што значи – „она што е за луѓето високо” (Лука 16, 15)?
Тој одговорил: „Оправдувањата. He оправдувај се себеси и ќе најдеш мир”.
Оној, што не се оправдува себеси, се раководи co смиреномудреност, а оној што се оправдува, co гордост.
Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов
Подготви Мина Даниловска